Истражувачките тимови во договори за изработка на компаративна анализа

На 4.06.2015 (четврток), во Хотел Порта – Скопје,  „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“  во рамките на проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“, финансиран од Европската Унија, одржа Пограничен состанок во Скопје.

Цел на состанокот беше споделување искуства и добри практики, користени методологии за теренско истражување, предизвици за време на истражувањето како и дефинирање на следните активности со поставување временска одредница.

Од  состанокот произлезе усогласување на методологиите и се дадоа конкретни насоки околу изготвување на Компаративната Анализа на постоечките локални стратегии и практики како и системската поддршка за ХИВ/СИДА на локалните самоуправи во двете држави.

На состанокот присуствуваа двата истражувачки тимови, предводени од проектните тимови на имплементирачките организации; „НГО Лабиринт“ – Приштина со Наим Телаку- заменик главен истражувач и Вања Димитриевски, главен истражувач од „Хопс“. Со свои видувања учествуваа и теренски истражувачи на двата тима од проектот.

И јас имам право на третман и хуман однос - третман на деца зависни од дроги

 „Како што ви кажав јас сум Саше. На 8 години почнав да инјектирам дроги, во 2011 година се предозирав. Ме сместија на клиниката за педијатрија Скопје. Ме третираа од зависност од дроги и други болести произлезени од употреба на дрога. Во август 2011 година, поради компликации предизвикани од долго што користев дроги по пат на инјектирање, ме преместија во специјализирана клиника за ортопедија во Охрид. По неколку дена, без хируршки да интервенираат на мене, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи при Град Скопје ме смести во приватна геријатриска институција „Сју Рајдер“ во Скопје, бидејќи не постои специјализирана институција за третман, нега и рехабилитација на деца корисници на дроги. Во декември 2011 година повторно ме вратија на Клиника за педијатрија поради влошување на инфекција на ногата. „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ константно контактираше со мене и со претставници на Меѓуопштински центар за социјални работи и со здравствените работници на Клиниката за педијатрија, со цел да ми ја следат состојбата. Од Клиника за педијатрија ми кажаа дека имам потреба од хирушки зафат на ногата, но Клиника за ортопедија одби да ме прими.

Една година бев сместен во здравствена институција без соодветна нега. Ме пуштија во мај 2012 година и ме доверија на грижа на подалечни роднини кои добиваа надоместок, а како резултат на несоодветната нега, ја изгубив ногата и сега се движам во количка.

И јас имам право на третман и хуман однос - третман на деца зависни од дроги

 „Како што ви кажав јас сум Саше. На 8 години почнав да инјектирам дроги, во 2011 година се предозирав. Ме сместија на клиниката за педијатрија Скопје. Ме третираа од зависност од дроги и други болести произлезени од употреба на дрога. Во август 2011 година, поради компликации предизвикани од долго што користев дроги по пат на инјектирање, ме преместија во специјализирана клиника за ортопедија во Охрид. По неколку дена, без хируршки да интервенираат на мене, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи при Град Скопје ме смести во приватна геријатриска институција „Сју Рајдер“ во Скопје, бидејќи не постои специјализирана институција за третман, нега и рехабилитација на деца корисници на дроги. Во декември 2011 година повторно ме вратија на Клиника за педијатрија поради влошување на инфекција на ногата. „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ константно контактираше со мене и со претставници на Меѓуопштински центар за социјални работи и со здравствените работници на Клиниката за педијатрија, со цел да ми ја следат состојбата. Од Клиника за педијатрија ми кажаа дека имам потреба од хирушки зафат на ногата, но Клиника за ортопедија одби да ме прими.

Една година бев сместен во здравствена институција без соодветна нега. Ме пуштија во мај 2012 година и ме доверија на грижа на подалечни роднини кои добиваа надоместок, а како резултат на несоодветната нега, ја изгубив ногата и сега се движам во количка.

И јас имам право на третман и хуман однос

„Јас сум Саше. Без родителска грижа сум. На 8 години почнав да инјектирам хероин. Претходно инхалирав лепак и солвенти. Вработените во „ХОПС“ го направија првиот контакт со мене и со уште 76 деца кои употребуваат дроги, од кои 32 се контактирани од јануари 2014 до сега. Има и детенце кое е 3 години и инхалира лепак. Три дечиња кои „ХОПС“ ги контактираше се починати од 2011-2012 година. Според податоците добиени од центрите за превенција и третман на лица кои употребуваат дроги во последниве три години нема ниту едно дете под 18 години кое е на третман со метадон и бупренорфин.

Во Македонија не постојат точни податоци колку деца употребуваме дроги. Податоците со кои се располага доаѓаат или од терен (земени од лицата кога ќе не сретнат кои работатат со проблематиката за зависности од дроги) или од истражувања кои се направени со средношколската популација.

Мојата приказна и проблем се и проблем и на другите деца кои користат дрога, ќе ви ја раскажам заедно со идните видеа.“ 

Донации за Чичино село

 ХОПС – Опции за здрав живот Скопје преку сопствена иницијатива организираше хуманитарна акција, каде се собра облека за деца и возрасни, кујнски садови, постелнини, со цел да им се помогне на семејствата кои се сместени во домот за бездомници во Чичино село, чии бараки беа опожарени пред десетина дена. Воглавно самата порака за акцијата беше пренесена преку социјални мрежи. Освен лицата ангажирани во ХОПС, голем број на хумани граѓани учествуваа со сопствени донации. Денес облеката и останатите работи беа однесени во Чичино село.

Испраќаме голема благодарност до сите хумани луѓе, кои самоинцијативно донираа и ја споделија информацијата.

40 години активизам за правата на сексуалните работници/чки

Фотографија: Ванчо ЏамбаскиОваа година, на 2 јуни се прославува 40-годишнината од окупацијата на црквата Св. Низје во Лион, Франција. Овој историски настан се случува кога над 100 сексуални работници/чки окупирале црква во знак на протест против полициското насилство и корупција. Овој ден се смета за симболичен, како раѓање на движењето на правата на сексуалните работници/чки (иако многу протести и акции се случиле во годините и децениите пред тоа во голем дел од светот, но многу од нив се нерегистрирани и заборавени). Иако во Франција проституцијата не е легална, но активностите околу неа се доста интезивни.

2 јуни се одбележува како ден на правата на сексуалните работници/чки од страна на голем број поединци и организации од целиот свет. Оваа година за да го прослават овој јубилеј на сексуалните работници/чки од Европа и пошироко, ќе се соберат во Лион со организиран протест и барања, кои ќе ги искажат погласно од било кога, за ставање на крај на нивната стигматизација и криминализација.

Здруженијата на граѓани се спротивставуваат на глобалната војна против дрогите.

​Борбата против глобалниот контра - наркотичен режим , е започната  од страна на САД во 1950 година. Овој режим сега се соочува со големи предизвици. Голем број на земји во Европа и Латинска Америка наоѓаат замерка на режимот на казнен пристап кон политиките за употреба на дрога и спречување на нелегалната дрога, затоа се појавува и потребата за реформи. Реакцијата е унифицирана од повеќето земји во светот, но Русија и Кина се јавуваат како критични поради подршката на режимот и казнениот пристап, затворање на голем број на корисници на дроги и обвинувања кон Авганистан и Мјанмар за производство на дроги. Во меѓувреме се случуваат промени во политиката на дрога на национално и државно ниво во САД, редуцирање на затворски казни, проширување на пристапот до третман со лекови, легализација на канабисот во некои држави. Исто така Латинска Америка се приклучува кон Европските реформи, истакнувајќи ги хуманите политики за дрога, фокусирани на јавно здравје.

Доделување на сертификати

 „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ заедно со Министерство за здравство - „Одделение за имплементација на програма на ХИВ/СИДА“ им овозможи обуки на 18 учесници, лица кои употребуваат дроги. Дел од обуките беа за:   

  • фризери/ки
  • физикални терапевти/ки
  • козметичари/ки
  • шивачи/ки
  • болничари/ки

Обуките беа одржани од страна на стручни лица, дел од тимот на Работнички Универзитет „Кочо Рацин“. Интересот, доследноста, интеракцијата  од страна на самите учесници/чки  се причина и самите обуки да завршат успешно. Самиот резултат има влијание во јакнење на самодовербата, самопочита како и усовршување на способностите и вештините за избраните професии и нивна можност и мотивација за полесно вработување и повторно ресоцијализирање во општеството. Учесниците/чките преку самите обуки стануваа свесни за своите вредности и способности. На 22 мај во „Центарот за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дрога и нивните семејства – ХОПС“ им беа доделени сертификати од страна на  Д-р Владимир Микиќ, претставник на Глобален фонд. При самата средба ученисиците/чките ги споделија личните искуства од обуката и наредните планови.

Новинарите и говорот на омраза

​Моќта на медиумите, како средство за информирање има голема улога во градење на општествената перцепција во однос на стигматизација, дискриминација, омраза и меѓуетничка нетрпеливост.

Новинарите во Македонија се’ почесто  не се придржуваат на новинарската етика која според  „Прирачник за етиката во новинарството“, издаден од ЗНМ „Говорот на омразата е неспоив со новинарската етика“: „Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, слика, мислење, коментар) кој има за цел да шири непријателство или омраза, или ако постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза спрема некого поради неговата раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички недостаток итн.“

Едукативна посета на Зоолошката градина со дечињата од “Центарот за рехабилитација и ресоцијализација“

Детската радост и воодушевување уште еднаш ги наполнија срцата на членовите од тимот од „Центарот за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дрога и нивните семејства – ХОПС“. На 15 мај, беше реализирана организирана посета на Зоолошката градина во Скопје со дечиња кои го посетуваат нашиот Центар. Во рамки на посетата тие имаа прилика да се запознаат со разни видови на животни и да научат нешто повеќе за нив. Своите импресии на крајот од прошетката ги пресликаа во цртежи со животни кои им оставија најголем впечаток. Покрај едукативниот дел, децата имаа можност да се забавуваат, смеат, да се дружат и да уживаат во детските игри. Радоста е многу поголема кога ќе се сподели со повеќе дечиња, па затоа на следниот организиран настан од ХОПС ве повикуваме и очекуваме да бидеме во уште поголем број! 

Pages