Социјален реботник - Елена Панева

​Продолжуваме да си ги претставуваме нашите херои, социјалните работници. Денес на ред е Елена Панева.

Среќна сум што имам можност да работам како социјален работник за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства во една успешна и сериозна организација каква што е ХОПС.  Како социјален работник придонесувам навремено решавање на социјални проблеми со кој се соочува нашата целна група. Посебно се гордеам кога ќе ги измотивирам клиентите да започнат одредена постапка за која пред се е потребно повеќе познавање од областа на социјалната работа  како што се пријавување на новороденчиња со закаснет рок , вадење на документи за лична идентификација, стекнување на одреди права од социјална и здравствена заштита и сл. Мотивираноста која ме задржува да работам како социјален работник во ХОПС е тоа што ме исполнува работата , среќна сум кога работам, решавањето на долгогодишни социјални проблеми, но и обуките и доусовршувањата од страна на другите колеги. Најзадоволна сум кога клиентите се задоволни од добиената услуга, довербата која ја имаат во мене и ХОПС, но и дека без мое присуство успеале и се стекнале со одредено право како и решавањето на други проблеми од областа на социјалната работа,  флексибилното работно време, меѓусебната поддршката и доверба која ја има во тимот и задоволството од платата. 

Повик за поднесување текстови за седмиот број на списанието „Дроги - Политики и практики“

​Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објавуваат повик за доставување авторски трудови за шестиот број на списанието Дроги – Политики и практики.

Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се поврзани со дроги, како што се: млади и дроги, сексуална работа и дроги, ХИВ/СИДА и дроги, хепатитис Б и Ц и дроги, туберкулоза и дроги, права на маргинализирани групи/заедници и дроги, родови перспективи и дроги, пристап до информации од јавен карактер и дроги, истражувања за дроги, политики за дроги, застапување и дроги, граѓанско општество и дроги, активизам и дроги, социјална работа и политика и дроги, здравство и дроги итн.

Социјални работници - херои

​Вчера 15-ти март беше прославен како ден на социјалните работници. Со оглед дека живееме во општетсво со социјална и економска неправда каде постои дискриминацијата и стигмата, мораме да имаме и борци кои се и ќе се борат секојдневно со оние кои придонесуваат за дискриминација и стигма, особено кон маргинализираните заедници. Овие борци се соочуваат со проблемите на луѓето и неуморно гледаат да помогнат во остварувањето на човековите права.

Ние во ХОПС имаме 7 супер херои! Оваа недела и наредна ќе ви ги претставиме сите. Почнуваме со Богдан Колев. Социјален работник во теренскиот тим на ХОПС. Најголем успех за него би било, општество без предрасуди, дискриминации, стигми. Негов мотив е заедничката борба против неправдата која се врши врз корисниците на дроги. Како основна цел му е да ги запознае корисниците на дроги со своите загарантирани основни човекови права кои се еднакви за сите . Неговото мото е “ Секоја победа против дискриминација е победа за општеството “.

Говор на омраза, сензационализам и повреда на правото на заштита на лични податоци на сексуалните работници од страна на Канал 5 телевизија

​Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите на Македонија донесе одлука со која жалбата против Канал 5 телевизија за емисијата на „Во центар со Васко Ефтов: проституцијата во Македонија“ ја прогласи за основана. Жалбата беше поднесена од страна на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, „ХОПС-Опции за здрав живот Скопје“ и “Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР“.

Канал 5 телевизија со објавување на емисијата „Во Центар со Васко Ефтов: проституцијата во Македонија“ од 07.12.2015 година прекршила повеќе членови од Кодексот на новинарите на Република Македонија.

Војната против дрогата и жените

Свесни сме дека војната со дроги е неуспешна и влијае на сите возрасти без да ги поштеди и децата. Во овој текст се говори за војната против дрогата преку насилство, стигма и страв како им штети на жените.

1. Насилството

Користењето на дроги во САД ги полни картелите со насилство и крвопролевање. Во тие картели бројката на жртви - жени константно расте. Од 2012 година, за 300 пати е зголемена статистиката за убиени на жени во Мексико. Во една година во контролиран картел Гереро во Мексико, 600 жени "исчезнале" или биле убиени, а повеќе од 1.000 биле силувани.

2. Стигма

Родовите стереотипи ја хранат дополнително стигмата околу употребата на дрога и жените, а со тоа зголемените осуди влијаат негативно врз пристапот до услугите и поддршката. Според SAMSHA во 2013 година за злоупотреба на супстанции, третман и услуги, само 17 проценти од установите за рехабилитација третирале бремени жени или во постпартална бременост. Во извештајот во 2014 година во Лансет е кажано дека стигмата доведува до физички напади врз жените во Грузија, поради вкоренетите конзервативните ставови кон улогата на жените во општеството, зо тоа што им забрануваат да бараат и примаат помош за своите зависности.

Тивок одек во етерот

​Медиумска селекција на граѓанските интереси 

Верувам дека почитуваните читатели/-ки на овој текст многу пати имаат слушнато како новинарите истакнуваат дека „граѓаните имаат право да знаат“ кога настојуваат да издејствуваат одредена информација и морам да признаам дека долго време наивно верував дека јавните гласила навистина ги претставуваат интересите на граѓаните. Се разбира, под влијание на „суровата стварност“ одамна се ослободив од ова наивно уверување, но и покрај тоа сè уште не можам да го разберам игнорантскиот однос на јавните гласила кои себеси се претставуваат за водечки во Македонија кон темите од интерес за граѓаните.

Прво па женско

​Оваа година, Прво па Женско ја слави Жената Борец. Програмата е портрет на женското лице на годината одбележана со свирежи, скандирања и поворки по улиците. Одек на автентичната женска борба со пендреците, штитовите, чизмите со метални ѓонови, со барикадите, солзавците и водените топови. На женското НЕ на неправдата, насилството и криминалот. Жените бестрашно и неуморно ги освоија улиците. Уште малку ќе ја освојат и слободата!

Мишел Фуко за дрогите

​Многу личности значајни за филозофијата и современата мисла зборувале за дрогите. Еден од нив е познатиот француски филозоф Мишел Фуко кој во неколку интервјуа без задршка зборува за дрогите.

Во интервју за еден канадски магазин Фуко зборува за културата на задоволството и, покрај останатото, се осврнува на тоа што може дрогата да придодаде на таа култура. „Мораме да ги пробаме дрогите, тие се сега дел од нашата култура. Исто како што постои добра и лоша музика, така има добри и лоши дроги. Па така, како што не можеме да кажеме дека сме против музиката, не можеме да кажеме дека сме против дрогите”. Веројатно искуството на Фуко со добрите дроги не е ограничено само на неколкуте стебла марихуана кои ги одгледувал на својот балкон во Париз. Клод Моријак раскажува за еден разговор со него од 1975 година и забележува: „ЛСД, кокаин, опиум, сè има пробано, освен хероин, но нема ли и нему да му подлегне во неговата сегашна ситуација“. Неговиот пријател, историчарот Пол Вејне, се сеќава на случката која му ја раскажал самиот Фуко. Имено, Фуко се наоѓал под дејство на опиум кога во јули 1978 година го удрил еден автомобил пред неговиот стан во Париз. Кога го одвеле во болница побарал да ја информираат актерката Симона Сињоре на која требал да ѝ предаде текст за некоја петиција (Фуко бил активист и постојано учествувал во подготовки на документи, на петиции, на улични протести итн). Таа се запрепастила кога некој полицаец извинувајќи се што пречи преку телефон и рекол „Некој г. Фуко сакаше да Ве информирам дека имал сообраќајна несреќа”. „Вие не знаете кој е тој? ‒ викнала на цел глас. „Па тој е најголемиот француски филозоф”.

Феминистички манифест за поддршка на правата на сексуалните работнички

На 8-ми март 2016, на Меѓународниот ден на правата на жената, ICRSE го објавува вториот документ за истражување на пресекот на правата на сексуалните работници со правата поврзани со жените. Овој информативен документ е наменет да служи како средство за сексуалните работници, активисти од движењето за правата на жените и креаторите на политиката да ја разберат различноста и комплексноста на животот на сексуалните работници и социјалните проблеми.

Отворен повик за работа

​Мрежата  за политики за дрога во Југоисточна Европа (DPNSEE), има отворен повик за ангажирање извршен директор, финансиски директор и секретар за канцеларијата во Белград.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 2016/10/03, во 14:00 часот по локално време во тековната земја - Србија, според зоната GMT / UTC + 01:00 час.

Вашите апликации можете да ги испратите на следната адреса: office@dpnsee.org

Повикот за извршен директор: http: //cdn.3dbook.gr/prive/dpnsee/Call-for-executive-director-DPNSEE.pdf

Повикот за финансиски директор: http: //cdn.3dbook.gr/prive/dpnsee/Call-for-finacial-officer-DPNSEE.pdf

Повикот за секретар: http://cdn.3dbook.gr/prive/dpnsee/Call-for-Secretarial-staff-member-for-DPNSEE.pdf

Pages