Војната против дрогите во Белорусија

Денес повеќе од 15000 белоруси се затворени за прекршоци поврзани со дрога. Повеќето од овие луѓе се фатени со 1-2 г канабис. Тие се лишени од слобода за 5-8 години, сместени во ужасни услови во затворите, каде се понижувани од вработените и други осуденици и принудени на физички неплатена работа за државата.

Членот 328 во Белорусија, подразбира казна затвор до 5 години за производство, преработка, купување, складирање, транспорт или испорака на било кој износ на контролирана супстанција без намера да се дистрибуира, до 10 години со намера да се дистрибуира и до 25 години кога криминалот е сторен со отежнувачки околности.

8 години затвор е чест случај и употребуван термин за луѓе кои одат кај пријатели на гости и со себе носат 1г канабис за рекреативна употреба, и завршуваат со затворска казна, поради тоа што ова се смета за дистрибуција.

Таканаречена психоделична ренесанса

Во светот денеска, по повеќе од 50 години забрани, повторно се актуелни научните и клиничките истражувања за медицинска употреба на некои класични психоактивни супстанции (ПАС) како МДМА, псилоцибин, ЛСД, кетамин, но и класичните ентеогени како канабис, ајахауска, салвија и ибогаин.

Целта на овој текст не е детално навлегување во секоја ПАС поединечно ниту пак демистификување, промовирање или алудирање на нивната употреба, туку осврт на она што е актуелно во оваа деценија на истражувачкото, а особено клиничко поле во медицината заснована на докази.

Сите психоактивни супстанции или таканаречени дроги без исклучок во еден моментот од нивното откривање до денес биле користени во медицински цели, додека некои од нив сѐ уште се користат.

Шри Ланка ќе започне со одгледување на канабис за медицински цели кон крајот на оваа година

Шри Ланка ќе започне одгледување канабис за медицински цели кон крајот на оваа година, најави министерот за здравство.

Министерот за здравство Рајита Сенаратне кажа дека планира одгледувањето на канабис да се одвива низ 100 хектари планирано земјиште за плантажи. Се проценува дека ќе произведат 25.000 килограми канабис годишно, кој ќе се користи за медицински цели во државата и за извоз во Северна Америка. Земјоделците ќе бидат ангажирани од државата за да го одгледуваат канабисот, а производството ќе биде надгледувано од војската.

"Доколку на приватниот сектор му се даде зелено светло за одгледување на канабис, ќе треба да се издаваат дозволи и ќе треба да се наметнат други регулаторни механизми. На овој начин, нема да има потреба да се издаваат дозволи, бидејќи не се вклучени приватни страни ", изјави Сенаратне за неделникот „Обсервер“.  

Искоренување на сиромаштијата драматично ќе ги намали случаите на туберкулоза

Девет научници и креатори на политики, спроведоа истражување за испитување на инциденцата на ТБ во 192 земји. Заклучоците се постигнати преку набљудување на врските помеѓу луѓето кои живеат со помалку од 1,90 долари дневно и опфатот на разни социјални програми во секоја земја. 

Повеќе од 95% од смртните случаи од ТБ се случуваат во земјите со низок и среден приход, така што поврзаноста помеѓу сиромаштијата и ТБ се потврдува. Сепак, истражувачите велат дека најновите откритија се значајни во обезбедувањето на нови докази за поврзаноста.

„Оваа студија е важна за да покажеме дека превентивните мерки имаат големо влијание" -  Даниел Картер, истражувач од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Ние имаме тенденција да се занимаваме само со пациенти со ТБ кога веќе се болни, но тоа не е доволно за да се елиминира ТБ. Намалување на сиромаштијата, би можело да биде исто толку ефикасна во справувањето со болеста, како лековите и вакцините ".

Играј безбедно, разговор со Еди Еинбиндер

Во март 2017 година ХОПС  Опции за здрав живот Скопје имаше чест да биде домаќин на проекцијата на документарниот филм Играј безбедно (Play safe), проследена со дискусија на тема намалување на штети од употреба на дроги, предводена од авторот на филмот, Еди Еинбиндер. Тој стои и зад насловот на книгата Како да се забавуваш, а да не умреш (How to Have Fun and Not Die).

Од 2008 година Еди започнува со презентирање на стратегиите за намалување на штети и заштита од предозирање со дроги во повеќе од 200 институции и на конференции низ целиот свет. Тој држи предавања на врвни универзитети, во средните училишта, пред бездомници, во младински клиники. 

Еди во своите предавања го вклучува и документарецот Играј безбедно (Play safe) каде што на реален, на шокантен и на едукативен начин ѝ пренесува знаење на јавноста за политиките и практиките за намалување на штети. Ликовите прикажани во документарецот се обидуваат да ги преземат сите неопходни мерки на претпазливост при користење на нивниот избор на дроги како: адерал, кокаин, ДМТ, хероин, кетамин, ЛСД, марихуана, алкохол, цигари, пури, МДМА, метамфетамин, печурки, азотен оксид, окситоцин и салвија.

89 хоспитализирани и 2 мртви во Илиноис, по конзумирање на синтетички канабис

Од четвртокот (5-ти април), 89 лица се хоспитализирани во Чикаго и во околните населби по конзумирање на синтетички канабис познат како К2 или Спајс, според Одделот за јавно здравје на Илиноис (IDPH).

Меѓу пациентите примени за третман, најголем број се од Чикаго (24) и Пеорија (24), од кои сите доживеале сериозно крварење кога биле примени. IDPH објави два смртни случаи од 30 март.

Најмалку девет пациенти се позитивни на супстанција позната како бродифакум, хемикалија што се употребува во отровот за стаорци, со симптоми вклучувајќи крв од нос, крв во урината, кашлање крв и крварење на непцата.

75 години од првото ЛСД патување

На 19 април 1943 година, точно во 16 и 20 часот, Алберт Хофман (37), швајцарски хемичар кој работел во фармацевтската компанија Сандоз во Базел (сега Новартис), бил првиот што намерно ингестирал 250 микрограми Lysergic Acid Diethylamide-25 (ЛСД), хемиско соединение кое за првпат е синтетизирано во 1938 година од паразитски габички- ергот. Со овој авто-експеримент, Хофман сакал да ги потврди и истражи "чудните сензации" што ги почувствувал три дена претходно, кога случајно апсорбирал неколку капки од хемикалијата преку неговите прсти. 

„Го прашав мојот лаборантски асистент, кој беше информиран за авто-експериментот,  да ме придружува до дома.“- Хофман ги опишува своите искуства во своите мемоари за ЛСД, My Problem Child (1979). Тој ги опишува ефектите од првото патување во светот на ЛСД, каде забележал дека "се чувствувал потопен во бесконечен тек на прекрасни слики, неверојатни форми со интензивна калеидоскопска игра на бои". Дури и со некои моменти на вознемиреност, тоа дефинитивно било надвор од обично искуство, што го убедило да го посвети остатокот од својот живот на ЛСД истражување и култура. Неговото прво искуство со ЛСД, ги отвори вратите на перцепција во човечката историја кон новото поле на психоделичната наука. 

Нова апликација во Англија, која ќе ви помогне ако сте уапсени за поседување на дроги

Нова апликација е лансирана за да им помогне на илјадници луѓе кои се обвинети за поседување дрога секоја година во Англија и Велс. Апликацијата е адвокатско упатство кое објаснува чекор по чекор како да се  справиш со прекршок поврзан со поседување на дрога, вклучувајќи информации што да се каже и да се направи во полициската станица и во суд.

Како што покажуваат владините податоци, огромен број луѓе и понатаму се соочуваат со кривични пресуди за поседување мали количини дроги за лична употреба. Во 2016 година, неверојатни 23.000 луѓе во Англија и Велс биле обвинети за едноставно поседување на дрога, меѓу кои 95 проценти се прогласени за виновни.
 

Велика Британија е најголемиот светски извозник на легален кокаин и хероин

Велика Британија е најголемиот извозник на легален кокаин и хероин во светот, покажуваат новите бројки, поради што активистите ја повикаа владата да ја регулира трговијата со дрога.

Според новиот извештај, Велика Британија извела 57 килограми легален кокаин во 2016 година, далеку пред следниот најголем извозник, Холандија, која испорачала 13,7 килограми кокаин истата година.

Велика Британија, исто така увезла 330 килограми легален кокаин во 2016 година, околу 83 проценти од глобалната побарувачка, и изнесува речиси половина од потрошувачката на кокаин за медицински цели (90 килограми).

Културата е дрога

Дрога: еден од најпопуларните, најкористените, најбаналните и во исто време највозбудливи зборови на 20 век кој, еве, со целиот свој габарит и супстанција се прелеа во дискусиите и скришните/приватните соби на 21 век. Сосем легална, многу лесно достапна и крајно непозната за пошироките маси на почетокот на минатиот век, оваа мега фраза со неверојатен потенцијал прерасна во најупотребуваната споредна материја на светот на сите времиња. Патот од опскурна супстанција, (зло)употребувана во хереметички кругови, до продукт број еден за масовна употреба во сите слоеви на општеството, водеше преку повеќедецениска трансформација на свеста, поттикната и (веројатно) оркестрирана од сериозни бизнис-центри на моќ, а реализирана преку културните и популарни движења гладни за промена и за поголема слобода.

Pages