Отворено писмо за поддршка на ЕХРА

Во почетокот на октомври, започна со работа во регионот на Централна и Источна Европа и Централна Азија (CEECA), нова регионална организација, Евроазиската асоцијација за намалување на штети (ЕХРА). Бидејќи ЕХРА е во рана фаза на нејзиниот развој, потребна и е поддршка за да застане на нозе -  поддршка од заедницата, од партнери, од донатори.

Резултати од анкета за употреба на дроги кај студенти

Drugsand.me е образовна веб-страница која обезбедува информации базирани на докази за постојните методи за намалување на штетите за корисниците на дрога. Од јануари до март 2017 година, спроведоа онлајн - анонимна анкета со цел да ја истражи употребата на дроги кај студентите. 

Вкупно учество зеле 329 лица од над 30 националности. Анализирани се само резултатите од 280 испитаници, бидејќи се елиминирани одговорите на испитаниците кои не се студенти. 

Обезбедување одржливост на програмите за намалување на штети од употреба на дроги со средства од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари

Средствата од акцизите за пиво, за етил алкохол и за цигари, кои секоја година ги добива Министерството за здравство, наменети за унапредување на здравјето на граѓаните, претставуваат потенцијален извор на средства за финансирање на програмите за намалување на штети. Половина од овие средства наместо за обезбедување здравствена заштита се користат за тековни трошоци на Министерството. 
 
Министерството за здравство и Владата на Република Македонија имаат на располагање голем број можности за обезбедување на одржливоста на 16-те активни програми за намалување на штети од употреба на дроги, кои ги спроведуваат 10 граѓански организации во земјава. Овие можности Министерството за здравство и Владата на Република Македонија треба сериозно да ги разгледаат и да ги земат предвид при подготовката и буџетирањето/операционализацијата на Националната стратегија за ХИВ на Република Македонија за периодот 2017 – 2021 година. Ова особено е важно поради тоа што финансиската поддршка од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (во натамошен текст Глобален фонд) за оваа намена завршува на 30.6.2017 година. Па оттука, доколку учеството кое досега го имаше Глобалниот фонд во програмите за намалување на штети не се надомести од Националниот буџет, Македонија ќе се соочи со сериозно зголемување на инциденцата на ХИВ, други крвно преносливи болести, како и останати последици по здравјето меѓу лицата кои користат дроги.  

Национална обука за работа со деца и млади кои употребуваат психоактивни супстанции


Oд 6 до 9 ноември, во Берово се одржува „Национална обука за работа со деца и млади кои употребуваат психоактивни супстанции“. На обуката присуствуваат професионалци од Меѓупоштинските центри за социјална работа од Скопје, Битола и Охрид, Домот за деца и младинци со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје, Воспитно поправниот дом Тетово, Народниот правобранител на РМ, ХОПС, Опција - Охрид, Виа Вита - Битола, Избор Струмица/Гевгелија, Младински клуб Штип и Црвен крст Охрид. 

ХЕПАТИТИС: Нема елиминација без декриминализација

Членовите и претставниците на „Заедницата за вирусен хепатитис“, која вклучува луѓе кои живеат со вирусен хепатит, лекари, медицински сестри, социјални работници, истражувачи, експерти за јавно здравје, а луѓето кои користат дроги - се загрижени поради растечкиот јаз меѓу огромното влијание на хепатитис Б и Ц, во однос на луѓето кои користат дроги и нивните речиси непостоечки пристапи до превенција, дијагноза и третман на услуги во целиот свет.

Споделувањето на опрема за инјектирање на дрога со нестерилни игли, ги става луѓето на висок ризик од хепатит Б и Ц инфекции. На глобално ниво се проценува дека кај 15,6 милиони лица кои моментално инјектираат дроги, 52% се позитивни на антитела од хепатитис Ц, а 9% живеат со хроничен хепатитис Б.

Провокативен музеј за политики за дроги во Лондон

Музејот за политиките за дроги е поп-ап уметност и културен центар со програми за живеење и уметност од целиот свет, со кои се истакнува како влијаат политиките за дрога и како ги обликуваат нашите заедници. Музејот обезбедува моќно, емоционално искуство кое ги илустрира штетите предизвикани од актуелните прохибилистички политики за дроги и се залага за нови пристапи вкоренети со достоинството, здравјето и човековите права. Овој бесплатен настан од денес до петти ноември, ќе ја пренесува публиката низ целиот свет и ќе ги поттикне посетителите да размислуваат и да дејствуваат надвор од кутијата.

Авганистанската мадам, која им помага на сексуалните работници да преземат одговорност за нивното сексуално здравје

Broadly направија интервју со авганистанската мадам Кадриа, поранешна сексуална работничка, која моментално е едукатор за врсничка едукација во здравствената организација „Мост - Надеж". Тоа е авганистанска невладина организација која спроведува мала регионална програма за развој на Обединетите нации (УНДП)/Глобален фонд за превенција од ХИВ. 

Таа и друг врснички едукатор неодамна спровеле теренски посети на сексуалните работници во Кабул. Целта на организацијата била да бидат посетени 150 жени, но Кадриа и нејзиниот колега достигнале бројка од 480 жени. Рахем Реџеј основач и програмски директор на организацијата, вели дека повеќето жени со кои имале средба работеле во домови, а не на улица.

Пари за програмите за ХИВ има, на потег се политичарите

Иако буџетот на Министерството за здравство на Република Македонија располага со можности за финансирање на програмите за намалување на штети од употреба на дроги, тешко може да се разбере зошто овој дел од буџетот за 2017 година е значително намален. Дали Министерството за здравство сакало да го избегне финансирањето на овие програми, а со тоа и обврските преземени со договорот меѓу Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и Владата на Република Македонија?

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија од ноември 2004 година се финансираат од страна на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Преку овие програми на лицата кои употребуваат дроги им се обезбедуваат здравствени, социјални, правни, психолошки и други услуги. Финансиските средства се доделуваат на Министерството за здравство, односно посебната единица во склоп на Министерството како примарен примател, која понатаму дел од овие средства распределува на секундарни приматели (здруженија на граѓани) по претходно утврдени договори кои се потпишани од министерот за здравство, а сѐ со цел за полесно одржување на 16-те програми за намалување на штети распоредени во 13 различни градови во Македонија.

„Легализација и понатаму“ - интервју со Итан Наделман

Тимот на Drugreporter го интервјуираше поранешниот директор на Алијансата за политики за дрогиИтан Наделман.

Тој е основач на Центарот Линдесмит во 1994 година и директор на Алијансата за политики за дроги, речиси 20 години. За време на неговото раководство, ставовите на американското општество кон прашања како што се регулирање на канабисот драматично се трансформирале, додека реформите во кривичната правда постигнале огромен напредок низ САД. Списанието Ролинг Стоун го опиша како “вистински цар на дрогите" и “движечка сила за легализација на канабисот во Америка".

Годишен извештај на УНОДЦ - 2016

Годишниот извештај за 2016 година дава преглед на работата на УНОДЦ низ целиот свет во помагањето на земјите-членки за справување со заканата од дрога, криминал и тероризам. Освен истакнувањето на достигнувањата на Канцеларијата за оваа година, извештајот го прикажува човечкото влијание на работата на УНОДЦ преку серија успешни приказни и ефект на теренот.

Pages