Аукција за дечињата од ХОПС

На 11 април во 19 часот во Јавна соба (Public Room), правиме аукциска вечер. Таа вечер ја посветуваме на дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници. 

Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме и посети на културни и социјални активности.

Ова ни беше мотивација да се организираме и исконтактираме луѓе кои би сакале да ни помогнат и за наша среќа многу уметнички и уметници прифатија. 

Затоа на 11-ти април од 19 часот во Јавна соба, заедно со Мрдни со прст / Lëviz me gisht организиравме аукциска вечер. 

Во 19 часот да почнеме да се собираме и Jас сум Цако- I am Cako да почне да нѐ забавува со неговата плеј листа.

Интеρнационален ден за пρовеρκа на дρоги

Од денес почнува да се одбележува - Интеρнационален ден за пρовеρκа на дρоги. Оваа иницијатива е спроведена од страна на различни групи на организации кои имаат активна улога во обезбедувањето на услуги за намалување на штети кои се однесуваат на користење на штетни супстанци. Пρовеρκа на дρоги е пρистап за намалување на штети пρеκу κој се одρедува составот и κвалитет на дρогите κаκо инфоρмација за κρајните κоρисници. Познавање на точниот состав на дρогите и дозите намалува ρизици.

Ова не треба да биде само за тестирање на супстанции, туку и тестирање на своите знаења за дрогите и нивните ефекти. Секогаш користењето на дроги доаѓа со ризици. Со зголемување на свеста и споделување на знаењето и информациите, не само што ќе се подобри свеста кај поединци туку и заедници каде ќе се намалат штетите од користење на било каква дрога. Користењето на дроги е глобален проблем. Луѓето од целиот свет користат супстанци на дневна основа од кофеин, алкохол, кокаин, хероин.

МДМА

МДМА- 3,4-метилендиокси-Н-метиламфетамин е психостимулативна супстанца позната по своето еуфорично и ентактогено дејство. Синтетизирана е уште во 1912 година од страна на германскиот хемичар Антон Кулиш (Anton Köllisch) во лабораториите на германската фармацевтска компанија „Мерк' (Merck), а патентирана во 1914 година. До нејзино откривање доаѓа случајно, а нејзините психофармаколошки ефекти се актуелизираат од страна на психофармакологот Александер Шулгин (Alexander Shulgin) во седумдесетите години од минатиот век кога и започнува поголема рекреативна употреба на овој стимуланс. Како супстанца забранета е прво во Велика Британија во 1977 година, а потоа и во САД во 1984 година.
 
Најчеста форма во која се наоѓа МДМА е популарната таблета екстази, но и во чиста кристализирана форма. Делува еуфорично подига расположение, комуникативност, создава чувство на среќа, љубов, емпатија и зголемува либидо. Можни негативни дејства се збунетост, немир, параноја, панични напади, гадење, повраќање, дехидратација, покачена телесна температура. Кај хронична употреба на МДМА можна е појава на психолошка зависност и симптоми на навикнување како несоница, депресија, анксиозност. Постои и потенцијална опасност од предозирање и смрт при многу високи дози највеќе како резултат на дехидратација и кардиоваскуларни испади.

“Play safe” - (Забавувај се безбедно)

Вчера во ГЕМ клубот, ХОПС организираше проекција на документарниот серијал “Play safe” (Забавувај се безбедно). Специјален гостин на настанот беше Еди Еинбиндер, психотерапевт за намалување на штети од Центарот за оптимално живеење во Њујорк и продуцент на “Play safe”.

Документарецот го проследија околу 50-тина гости кои подоцна дискутираа со Еди за принципите за намалување на штети од употреба на дроги и достапните програми за третман во САД и некои европски земји.

Оние кои не успеаа да дојдат на настанот, документарниот серијал “Play safe” може да го изгледаат на овој ЛИНК.

Еди е расположен за споделување на своето искуство со индивидуална и групна психотерапија за намалување на штети и сите заинтересирани може да го контактираат преку неговиот вебсајт.

Линк до албумот на Фејсбук.

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА КУРС ЗА ФОТОГРАФИЈА: СО ОКОТО НА МАРГИНИТЕ


Предавањата и работилниците на курсот ќе ги водат: Драшко Костовски, Жарко Чулиќ, Томислав Ѓеоргиев, и Славчо Димитров.

Во текот на курсот секој учесник ќе работи под менторство на предавачитена развивање на авторски и иднивидуален фотографски проект.

Фотографиите кои ќе произлезат како резултат на курсот ќе бидат изложени во рамки на фестивалската програма на овогодишниот Викенд на гордоста Скопje 2017.

Постапка за пријавување:

Заитересираните лица треба да достават кратко мотивационо писмо за учество на Курсот (максимум 1 страна) на е-пошта: slavco.coalition@gmail.com, најдоцна до 10.04.2017.

Во писмото апликантите треба накратко да гообјаснат својот мотив за пријавување на овој курс, своето досегашно исксутво со фотографија (доколку имаат), и очекувањата од курсот.

„Забавувај се безбедно“ - (Европска турнеја)

По Берлин, Антверп, Варшава, Будимпешта и Белград, “Play safe” ќе се проектира и во Скопје!

Оваа среда од 18:00 во ГЕМ може да го изгледате овој документарен серијал и да поразговарате со продуцентот на филмот за намалување на штети од употреба на дроги.

Сите сцени во "Play safe" се сосема реални. Овој едукативен и на моменти шокантен серијал ги документира напорите на луѓето да ги преземат сите мерки на претпазливост при употреба на дрогите од избор.

П.С. Принципите на намалување на штети не ја промовираат употребата на дроги туку прифаќаат дека таа постоела и ќе постои. Затоа се потребни напори за минимизирање на ризиците бидејќи е јасно дека некои начини на употреба на дроги се побезбедни од други.

АМФЕТАМИН (СПИД, АМФИ)

Амфетамин (алфа-метилфенeтиламин) е стимуланс на централниот нервен систем. Се наоѓа во форма на бел прав или паста која најчесто се користи со шмркање преку нос (снифање) или со голтање орално. Постојат податоци и за интравенско користење на амфетамините.

Амфетаминот во умерени дози создава емоционални и когнитивни ефекти како еуфорија, ја зголемува будноста, концентрацијата, го подобрува мисловниот процес, подига енергија и го засилува либидото. Можни негативни дејства се вознемиреност, збунетост, параноја, гадење, повраќање, дехидратација, покачена телесна температура, забрзана и неправилна работа на срцето.

Како и сите други стимуланси и амфетаминот создава толеранција. Кај секојдневна употреба може да се појават симптоми на навикнување и психичка зависност кои се слични како кај кокаинот и МДМА. Симптомите на навикнување се несоница, депресија, раздразливост, вознемиреност, слабост, чешење, губиток на апетит и телесна тежина. Постои и потенцијална опасност од предозирање и смрт при многу високи дози пред се како резултат на дехидратација и кардиоваскуларни испади. 

Индија усвои закон за заштита на луѓето кои живеат со ХИВ

Во март 2017 година Индија усвои закон со кој на сите луѓе кои живеат со ХИВ им се гарантира навремен и соодветен третман, право на образование и право на вработување. Ова значи дека во Индија повеќе нема да се толерира дискриминацијата на луѓето кои живеат со ХИВ во здравството, во образованието, на работното место, во јавните установи и при осигурување. Со овој Закон антиретровирусната терапија е законско право за сите пациенти со ХИВ/СИДА и владите на федералните единици се обврзуваат да обезбедат антиретровирусна терапија за соодветно и навремено лекување. Се очекува дека новововедените мерки ќа ја подобрат заштитата од ХИВ и ќе го унапредат општото здравје на целокупното население.

(Извор: The Times of India)

Семејството - главна алка при справување на проблемот со зависноста


„Семејството е институција на која ѝ должиме со човечност затоа што не е познат друг начин на кој се создаваат човечки суштества, освен со воспитување во рамките на семејната заедница“ – Маргаред Мид. Семејството е основна социјална група и некои го нарекуваат основна клетка на општеството. Гледајќи го историскиот развој на семејството, од самите почетоци на цивилизацијата, почнувајќи од времето кога луѓето живееле во хорди, па до денес, семејството ги менува своите облици и функции во зависност од општите социјални законитости и од развојот на самото општество. Меѓутоа, задоволувајќи ги основните човекови потреби за живот, штитејќи ги или отфрлувајќи ги своите деца, многу често семејствата се соочуваат со проблем кој прераснува во болест. Болеста е отсуство на здравје, но кога станува збор за болест на зависност зборуваме за болест не на единка, туку  на семејството.

Алкохол - психоактивна супстанца

АЛКОХОЛ - активна состојка етанол се наоѓа во форма на алкохолни пијалоци (пиво, вино и жестоки пијалоци - ракија, водка, џин, виски). Според дејството алкохолот спаѓа во група на така наречени депресантни - супстанци кои ја забавуваат стимулација на ЦНС, карактеризирана со депресија на менталните и физички функции. Алкохолот во почеток подига расположение и создава еуфорија, а во повисоки дози делува, депресивно врз ЦНС, го успорува мисловниот процес и реакции, доведува до поспаност, гадење и повраќање, губиток на свест,  смрт доколку се предозира.
 
Алкохол е најчесто употребувана рекреативна дрога во светот. Пивото е трет најчесто употребуван пијалок во светот после водата и чајот. Според штетноста алкохолот се споменува како една од најштетните ПАС во светот после хероинот и крекот. Алкохолот е број еден предизвикувач на несреќни случаи (собраќајни незгоди, повреди на работно место, агресивно однесување – тепачки, семејно насилство и сл.).

Pages