Зошто пациентите пушеа канабис пред Парламентот на Обединетото Кралство?

Во вторникот, група од околу 30 пациенти кои страдаат од Mултиплекс склероза, Кронова, Паркинсонова болест, Ревматоиден артритис, хронична и невропатска болка, анксиозност и други состојби се собрале пред Парламентот на Обединетото Кралство. Пациентите консумирале медицински канабис во чин на граѓанска непослушност, повикана од ветеранот пратеник и канабис застапник Пол Флин.

За време на дебатата за политиките за дрога во Долниот дом на почетокот од оваа година, Флин побарал пациентите да дојдат пред парламентот и да консумираат канабис за да го "прекршат законот и да видат што се случува". Флин со ова сакал да покаже дека законот е “ѓубре“.


Сојузот на здружените пациенти - непрофитна група за застапување и поддршка за кампања за легален пристап до канабис за терапевтски цели, одговори на коментарите на Флин, организирајќи протести наречени -“на забава со чај" пред парламентот и повикувајќи на граѓанска непослушност.

Предлог-законот на Флин се фокусира на промена на распоредот на Законот за канабис, за злоупотреба на дроги од 1971 година. Канабисот е во Прилог Еден, за супстанции кои немаат терапевтска примена и се со висок потенцијал за злоупотреба, додека хероинот е класифициран во Прилог два, бидејќи има медицинска намена. Доколку канабисот се премести од Прилог Еден, веднаш ќе се отстранат препреки за истражување и ќе им овозможи на лекарите да разговараат за канабис со пациенти без страв од губење на лиценцата.

Пациентите подготвија чај и колачи за протестот. Флин им дал поддршка, заедно со други храбри политички личности, меѓу кои и пратениците Тониа Антониази и Лајла Моран, полицијата од Северен Велс и комесарот за криминал Арфон Џонс. Сите тројца пратеници говореле за лични примери, каде медицинскиот канабис им помогнал и им помага на нивни блиски со различни дијагнози.

Предлог законот за "Елизабет Брис" на Флин е закажан за второ читање на 23 февруари 2018 година. Веројатноста за предлог-законот да премине во законот е многу мала, иако поминал на второ читање, сепак пациентите ќе продолжат со нивната борба и непослушност. Во Велика Британија има околу еден милион пациенти кои консумираат медицински канабис. Секој од тие пациенти се надева дека Флин може да го повтори својот претходен успех, така што тие веќе нема да се сметаат за криминалци.

Извор: http://www.politics.co.uk