Жени, девојки и ХИВ



Околу 6900 девојчиња адолесценти и млади жени на возраст од 15-24 години се ново заразени со ХИВ секоја недела во светот.

УНАИДС истакнува дека жените и понатаму го носат товарот на ХИВ епидемијата. Во субсахарска Африка, младите жени имаат двојно поголема веројатност да се заразат со ХИВ, отколку машките. Три од четири нови ХИВ инфекции меѓу 15-19-годишниците, се меѓу младите жени и седум од десет млади жени немаат сеопфатно знаење за ХИВ. 

Зголемената ранливост на жените и девојките кон ХИВ е тесно поврзана со социокултурни, економски и политички нееднаквости. Раниот брак често резултира со изнесување на девојчиња надвор од училиштето, проследено со рана бременост и ограничени идни можности за економска независност и донесување одлуки. Многу млади луѓе, особено девојки, а особено оние кои живеат во руралните средини, немаат соодветни здравствени услуги. 


Во субсахарска Африка, повеќе од 50% од руралните жени на возраст помеѓу 15 и 24 години имале бременост пред нивниот 18-ти роденден, а само една од две е во состојба да донесува одлуки за сопственото здравје. 

Во Етиопија, 56% од урбаните жени добиле советување за ХИВ, тестирање, резултати за време на антенатална посета, во споредба со 14% на жените од руралните области. Младите жени во руралните области имаат пониско ниво на познавање за ХИВ и имаат помал пристап до ХИВ тестирање и современи контрацептиви.

Само преку обезбедување на жените и девојките да ги остварат правата на здравје, образование и самоопределување, ќе дојде до промена. Доброто здравје им овозможува на жените и девојките да напредуваат, да растат, да истражуваат и да придонесуваат во нивните заедници.

Пристапот до квалитетни здравствени услуги и учењето како да се остане здрав им овозможува на жените и девојките да ги спречат болестите, вклучително и ХИВ, како и да го остваруваат своите права поврзани со сексуално и репродуктивно здравје.

Завршувањето на епидемијата на СИДА-та до 2030 година зависи од унапредувањето на агендата за социјална правда која бара пристап до образование, вработување, здравствени услуги, правда и политичка застапеност, без дискриминација и насилство. Ангажирањето и лидерството на жените исто така  се од клучно значење за обезбедување на успех во сите 17 цели на одржливиот развој.

ПДФ документот е достапен ОВДЕ.