Запознавајќи ја Вера

Крај на 90ти. Дисфункционална држава. Дисфункционално семејство. Дома три деца, родители, баба и дедо – Ужас! Гужва и нелагодност. Секој влече на своја страна. Машки родител угледен во своето друштво на викендашки алкохоличари со ретка професија, женски родител изгубен во просторот и времето потиснат од сопствените стравови.

Најголемо дете, водич на популарност во населбата, средно дете сува лепота, а најмалото прцле во градинка. Периодот на транзиција во државава си го зима данокот и во моето семејство. А моите хормони почнаа да здивуваат. Детето на светлината почна да темнее. Сиви облаци виснаа над мојата глава. Во тој период на сцена стапуваат некои чудни момци што не се баш омилени меѓу комшиите, слушаат чудна музика и зимаат дроги. Јас заљубена у нив. Пикај се, пикај се и на крај се пикнав. Никој не ме излажа, никој не ме натера. Лично моја желба и убедување дека тоа е кул и модерно (инспирирана од сите можни филмови со дроги и деликвенти у тоа време), а не како прчливе по кафани шо идат. И така почна.


Првите неколку години убаво, интересно... па и повеќе концентрација – учиш за пет минути, така бар ти се чини. Храброст до небо, гордост такоџе само шо не си свесен дека е ничим изазвана. И времето си врви, а тињата те голта, и смрдиш, а не ни знаеш колку. После некое време почиња голгота. Се нема пари, а дома се нема ни поверење (не дека некад и посебно се имало). Шо да се праи? Да се трпи? Да се краде? Да се продава... И нормално почињаш да вадиш од дома сѐ што е вредно, ги продаваш сите спомени на твоите, сите поклони, целото злато. Ништо веќе не останува за домашниот крадец, остануваш сам со себе....

И така почиња машината. Не онаа вообичаената за повеќето луѓе, онаа на општеството, ама исто толку сурова ако не и поише. Како машина за мелење на месо, а внатре измешани и уши и кртина и опашки во едно. Завршуваш на метадон у Кисела Вода, си мислиш дека боље не можеше да биде, а оно уствари полошо нешто не можело да ти се деси. Главиш тамо добар дел од животот... ги губиш сите вени, ти се отвараат рани, си закачуваш хепатит и си викаш – „Добро ми е вака. Ја вака цел живот ќе си го прогурам. Па шо, не живеам со моите“ (као имам свое место независен сум – ХАХАХАХАХАХАХА). И се мучиш, и се мучиш, и се мучиш. А машината меле ли меле со тапи ножеви.

Дома кај твоите милион промени... кој умрел, кој се разочарал и едвај дише, кој не знае која страна да ја фати за да избега, ама тебе не ти е битно. Не си ни свесен за ништо освен за себе и својата супстанца. И после некое време откако коските си ги остаил у Болницана, откако веројатно потсвеста со години се мачела да стигне до твојот опијатски закржлавен мозок, ти кликнуе... – „Па ова не е живот бе. ОВА ВИШЕ ВАКА НЕ МОЖЕ!!!!!!“. И се мислиш како да си помогнеш или кој ли може да ти помогне и сфаќаш дека во државава нема болница шо ќе те прими и рехабилитира, дека нема кај да се лечиш, дека приватно кошта ѓаол и пол, а веќе два ѓавола се потрошиле на дрогата, а трет ѓавол немаш!!! Или третиот си бил ти, ама и ти си веќе потрошен. На крај наидуваш на едина опција, а тоа е манастир.

 И шок!!! Културен. Религиски. Секаков. Немам ни појма како изгледа манастир. Ни крстена, ни пеена. Од поп ко од чума бегам, од црква уште поише.... Ама ко ќе ти дојде јајцето на г’зот тоа е... немаш избор. „Ту би ор нот ту би“, прашање е сега. И ајдееее, манастир – манастир шо ќе праиш?! Што се мора, мора се. Бев, пробав, видов, издржав. Издражав, ееејјјј!!!! После манастирот следи будење... пубертет поново. Само сега немам 14 години, не брзам никаде, стекнав трпение. И се будам од сонот на зомбите. Имам чувства, а тие печат! И ми текнува. Татко ми почина одамна, а сега боли... љубовта не треба да е права линија...животот не е спиење со розева прекривка... пролетта има мирис... храната има различни вкусови... кога си болен све те боли и тоа е ок! Вербата е најдобар пријател на човековата душа, трпението води до спасение.

  Поминаа седум години од средбата со манастирот. Еве ме сега, здрава-права негде кај што не ни помислував дека ќе бидам. И сега сум храбра, и сега се гордеам, ама храброста ја научив борејќи се со животот, а гордоста сега не ми е до толку ничим изазвана.

Бај д веј, кога се вратив од манастир, предизвикот преголем... како најголемиот океански бран. Како кога Мојсеј ќе го раздели морето за да поминат Евреите. Ооогромен... И паѓав и станував и еве на крај се исправив како топола. И меѓу тие падови еден овер! Страшен овер. Среќа што имав Налоксон т.е. тие што беа со мене имаа налоксон па можам да ви напишам едно вакво текстче. Мора да го набавиме, мора да е достапен во аптеките пошто секој живот е важен.
 
  Феникс