Започна Меѓународна обука за работа со деца и млади во социјален ризик  

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, заедно со партнери од регионот и од Европа, од денес до среда во х. Континентал - Скопје организира Меѓународна обука за работа со деца и млади во социјален ризик.

Обуката се фокусира на заштита на правата, основни принципи за работа и стандарди за обезбедување на социјална и здравствена заштита за деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или се во конфликт со законите, кои живеат на улица, се без родителска грижа, како и деца и млади Роми. На обуката присуствуваат претставници од граѓански организации и надлежни институции од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.