За дрогата во клубовите

Прочитајте за работата и искуствата на социјалните работници во Одисеј, партнер на Drugreporter, кои информираат за побезбедна употреба на дрога и безбеден секс на фестивали и во клубовите во Словачка!

Во сабота вечер, тим од обучени социјални работници се упатуваат кон еден од популарните фестивали. И покрај тоа што сè уште не знаат што ќе им донесе ноќта, нивната задача е јасна - да ги контактираат нивните врсници присутни на фестивалот и да ги информираат за побезбедна употреба на дрога и побезбеден секс или да дистрибуираат кондоми. Не станува збор само за информирање, туку и за заштита на нечие здравје.

„На влезот видовме група на млади луѓе околу една девојка која што лежеше на подот и луѓето од брзата помош се обидуваа да и 'помогнат. Тоа беше еден од моментите кога сфатив дека нашите консултации за спречување на предозирање ќе бидат клучни вечерва ”- се сеќава Николета Бедусова, еден од социјалните работници на З.Г. Одисеј.


Здружението на граѓани Одисеј, е најстарата организација во Словачка која обезбедува теренска социјална работа. Како и програмата за размена на игли и дроп ин центарот за луѓето кои што користат дроги, како и за сексуални работници. Одисеј присуствува и на музички настани и фестивали во Словачка, за да зборува со млади луѓе кои експериментираат со дроги, за нивна побезбедна употреба и безбеден секс.

Во рамките на првите контакти со нивните врсници на фестивалот, очигледно е дека дрогата се користи помеѓу посетителите. Најчесто користени дроги се канабисот и екстазите. Алкохолот исто така.

„Навистина е одлично што некој ја работи оваа работа. Немав многу информации за дрога и овие брошури и консултации се подобри од некои "пријателски совети" ”- коментира еден посетител на фестивалот (19 години).

 

Што може да се случи ако ги комбинирам повеќе видови на дрога? Како да се спречи предозирање? Зошто да ги користам кондомите? Што е "лошо трип"? Овие и многу други прашања беа одговорени за време на фестивалот.
 
Летото 2018 година, Одисеј не можеше да го пропушти најголемиот словачки фестивал Похода. За време на тридневните концерти и забави, работниците во Одисеј контактирале 1.412 лица, дале 741 консултации за побезбедна употреба на дрога и водеа 861 работилница во на тема побезбеден секс.

„Повеќето луѓе што нè посетуваат веќе имаат искуство со дрога. Меѓутоа, изненадувачки беше фактот, колку млади луѓе немаа никакви информации за дрогата, иако редовно ја користат. И затоа Одисеј присуствува на овие настани, за отворено да зборува со младите луѓе во врска со дрогата. Бидејќи превенцијата од дрога во вид на заплашување и забрана на дрогата не дава реални и вистинити информации за луѓето, кои тие можат да ги користат, доколку се одлучат да пробаат дрога ”. - Доминика Јасекова, директор на З.Г. Одисеј.

Теренските работници во клубовите, на фестивалите или музичките настани, ги намалуваат штетите поврзани со дрогата, заштитуваат нечиј живот и им помагаат на организаторите на вакви настани. Според Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога, до 10 пати е поголема веројатноста дека младите луѓе кои ги посетуваат музичките настани ќе пробаат некоја стимултана дрога, за разлика од оние кои обично не присуствуваат на такви настани. Скоро секој трет млад човек во Словачка пробал нелегална супстанца барем еднаш. Одржувањето на млади луѓе под клуч не е решение, па така Одисеј избира пристап кој е "одговорен и отворен за дрога со млади" и ја продолжува својата работа со младите луѓе.

Доминика Јасекова, Здружение на граѓани Одисеј