За да се променат политиките за дрога, треба да се промени начинот на кој се мерат

Како се приближува Генералното собрание на специјалната седница на Обединетите Нации за светскиот проблемот со дрога (УНГАСС), гласовите за реформа на политиката на дрога се сè погласни. Но во рамките на тесните параметри на системот на ОН, што значи реформа навистина? Впрочем, кога станува збор за политика на дроги, една од главните задачи на ОН е да се обезбеди усогласеност со меѓународните договори поврзани со употребата на дроги, и да се обезбеди рамка за оценка, така што земјите можат да го проценат влијанието на нивните политики за дрога.  

Дали целото исчекување околу (УНГАСС) е депласирано, давајќи им на ОН акцент на евалуацијата, наместо на реформите? Не баш. Стана јасно дека начинот на кој што земјите ги евалуираат нивните политики за дрога, го дикираат резултатот кој што властите сакаат да го подвлечат/истакнат.

Дали тие се повеќе заинтересирани за количината на нелегални дроги која полиција ја мери на годишно ниво, или за граѓаните кои имаат проблеми поврзани со употреба на дроги? Повеќе се заинтересирани за утврдување на цената на дрога или на бројот на лица кои инјектираат дроги кои се заразени со ХИВ или хепатит Ц?

Од наведените примери владите не ги приоретизираат првите метрики кои кажуваат многу малку за тоа како политиките за дрога влијаат на заедниците во реалниот свет. Што е се повеќе јасно дека за да се постигнат очекуваните резултати од политиките за дрога, агенциите на ОН и земјите од целиот свет треба да почнат со ревидирање на метриките што ги користат за да се оценат политиките за дрога.

Тоа е причината зошто научниците од целиот свет го објавија отвореното писмо за УНГАСС. Агенциите на ОН и земјите-членки да почнат да користат повеќе релевантни параметри во оценување на нивните политики за дрога. Потребата е да се создадат политики на дроги каде ќе се даде приоритет на потребите и на вредностите на заедницата како и на здравјето, безбедноста, развојот и човековите права.

Писмото.

Извор: www.opensocietyfoundations.org