Втора научна трибина посветена на употребата на канабисот во медицински цели во Република Македонија

Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ ја организира втората научна трибина „Употреба на канабис во медицински цели во Република Македонија. За разлика од првата трибина, посочуваат од Здружението, оваа трибина е од медицински карактер и на неа во својство на предавачи ќе земат учество: проф. д-р Арбен Таравари, специјалист невролог и виш научен соработник при Клиниката за неврологија, доц. д-р Аспазија Софијанова, специјалист педијатар и професор при Медицински факултет, д-р спец. Нико Беќаровски, специјалист токсиколог и виш научен соработник при Клиниката за токсикологија, д-р Дарко Костовски, специјалист психијатар при ГОБ 8-ми Септември, ас. д-р Филип Гучев, специјалист ревматолог, и д-р Игор Стојковски, специјалист онколог.

Трибината ќе се одржи на 7.3.2018 година, во „Кино Култура“, од 13:00 до 15:30 часот. Модератор на научната расправа ќе биде Ивана Драгшиќ, долгогодишен активист за легализација на канабис, а воведен говор ќе одржи коосновачот на Здружението и реномиран новинар Огнен Jанески.