Во Велика Британија на фестивалите ќе се тестира безбедноста на дрогите

Ова лето оние кои ќе одат на журки во Велика Британија ќе можат да ги тестираат своите таблети дали содржат фатални состојки, со тоа што ќе се осигураат дека нема да завршат фатално. Тестирањата ќе бидат направени во мала лабароторија која ќе биде предводена од страна на The Loop, невладина организација која се грижи за јавното здравје и обезбедува тестирање за безбедноста на дрогите, услуги за социјална заштита и намалување на штети во ноќни клубови, фестивали и други настани.

Причината за започнување на тестирање на дрогите по фестивали се несреќните случаи кои се случиле во Велика Британија во последните години. Оние кои одат да ја тестираат чистотата на кокаинот или екстазите на локациите на The Loop, нема да наидат на проблеми со полицијата. Оваа иницијатива е целосно за чување на луѓето безбедни, заштитени и информирани. Директорката на The Loop дава изјава дека ова е фокус на јавното здравје, а не на кривичната правда.

Оние кои одат на Kendall Calling овој викенд може да ја употребат оваа услуга. Веќе организаторите открија некои прилично непријатни работи во тестираните таблети вклучувајќи лекови за маларија, инсектицид, па дури и бетон.

За време на фестивалската сезона не вреди да се ризикува да се земаат сомнителни таблети кои можат да содржат било каков број на штетни или дури и смртоносни материјали. Она што е главно на фестивалите дека треба да се погрижите за себе и своите пријатели. (The Loop)