Во спомен на Ден Биг

Ден Биг, активист во Чикаго, чиј пристап за намалување на штети со дроги е заслужен за спасување многу животи, почина во неговиот дом на 59 години.

Ден оваа битка започнал да ја води во чест на неговиот пријател и ко-основач, Џон Шилер, кој пред многу години починал од преголема доза на хероин. Уште од смртта на Шилер, Биг се залага за разумни политики за намалување на штети од дроги и започнува со дистрибуција на налоксон.

„Идејата за намалување на штети е да се користат дроги што е можно посигурно, минимизирање на заканата за здравјето на корисникот и на јавноста. Повеќето лица што се зависници од опијати не сакаат да бидат"- Биг во интервју за трибуналите во 2003 година. 

„Тие сакаат да биде поинаку. Но, тоа не е така. Најдоброто што можеме да направиме е да им помогнеме да се грижат за себе и да ја минимизираат штетата за себе и за другите додека не се подготват сами да застанат ". - Ден Биг

Биг е ко-основач на Chicago Recovery Alliance, формирана во раните 1990-ти години, за борба против ширењето на ХИВ, преку снабдување на корисници на дрога со чисти шприцеви.  Деценија подоцна, со оглед на тоа што хероинот станува пошироко распространет, организацијата станува една од првите што дистрибуирала налоксон, лек кој спасува од предозирање.

„Мислам дека тој навистина беше креативен револуционер кој секогаш ги гледаше луѓето кои беа обесправени. Тој беше многу страстен за здравјето, не само физичко здравје, туку и емоционално здравје на луѓе кои често се занемаруваат и стигматизираат како и на активните корисници на дрога". - неговата сопруга, Карен Станчикевич-Биг 

Списанието „Чикаго“ минатата година го прогалсиле за човек на градот. Во самата приказна за него се вели дека алијансата дала повеќе од 100.000 налоксонски комплети во 2017 година и се искористени за 4.000 предозирања.

Биг е причина зошто програмите и се поврзано со налувањето на штети од дроги е поприфатено денес. На пример налоксонот е достапен без рецепт во аптеките во Чикаго, а полициските оддели вообичаено се залагаат за третман наместо затворање.

Програмите и светот за намалување на штети остана без уште еден активист кој успеа да ги промени политиките за дроги и да спаси многу животи.