Во дневниот центар на сексуалните работници се одбележа 8ми март

Во Дневниот Центар на ХОПС, за поддршка на сексуалните работници во Гази Баба, се одбележа Меѓународниот ден на жената се празнува на 8ми март. На самата средба присуствуваа вкупно 12 сексуални работници каде со тимот разговараа за значењето на овој празник, за правата кои ги имаат жените пред се' како луѓе, а потоа и како сексуални работници.

Беше прочитан и феминистичкиот манифест за поддршка на секуалните работници,  воедно се говореше за активизмот и делото на Лора Фер. Со големо воодушевување од присутните беше гледан нејзиниот прв јавен настап кој вроди желба и мотивација кај останатите сексуални работници за борба и поголем активизам за себе и заедницата.

На крајот од дискусијата им беа поделени мали подароци кои ги подготви тимот од Гази Баба!