Усвоена новата Локална стратегија за дроги и Акцискиот план за дроги на Град Скопје

На 18 февруари 2015 година, со почеток во 10 часот, во просториите на НВО центар, МКЦ, се одржа годишниот состанок на Координативното тело за дроги (КТД) на Град Скопје. На состанокот беа разгледани активностите на КТД за 2014 година, имплементираните активности во областа на превенцијата, лекувањето и намалувањето на штети.

На средбата се усвои новата Локална стратегија за дроги на Град Скопје, за периодот од 2015 до 2020 година, како и Акциски план за дроги на Град Скопје за периодот од 2015 до 2016 година.

На 19 февруари, на 39-та седница на Советот на Град Скопје беа усвоени  Локалната стратегија за дроги како и Акцискиот план за дроги на Град Скопје.

Координативното тело за дроги на Град Скопје има за цел да овозможува учество и  координација на голем број стручни субјекти во конкретната област на ниво на Град Скопје (експерти и претставници на владини и невладини организации и институции кои работат на полето на намалување на побарувачката и снабдувањето со дроги на локално ниво), да нуди експертиза во изготвување на годишни програми и предлог проекти и активности поврзани со справување со проблемите кои произлегуваат од употребата на дрога како и да нуди алтернативни стратегии кои се покажале како успешни на локално ниво а кои би можеле да послужат како основа за развивање прогресивни национални стратегии.