Услуги за корисници на дрога

​Програмата за намалување на штетни последици од употреба на дроги е наменета за корисници/чки на дроги, лица кои инјектираат дроги и нивните семејства. Нашите центри имаат пријателска атмосфера без морализирање и осудување и не ти требаат документи за да дојдеш кај нас. 

Услуги за превенција на ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц и други КСПИ 

Стерилен прибор за инјектирање – игли и шприцови во сите големини, прибор за подготовка – кукер, вата, аква, алкохолно марамче. 

Користењето на стерилен прибор за инјектирање и прибор за подготовка ќе ти помогне да се заштитиш од ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц и други крвно преносливи инфекции.

 Секогаш користи нов прибор, а бесплатен прибор, бесплатни кондоми, лубриканти, брошури можеш да добиеш во: 

  • Дроп ин центар во Мавровка, од понеделник до петок (само за јули), 10:30 - 14:30 часот, тел. број 02/3130-058
  • Дроп ин центар во Капиштец - ЗАТВОРЕН!
  • Дроп ин центар во Шуто Оризари- понеделник среда и петок., 10-14 часот, тел. број 076/631-635

​Доколку не можеш да дојдеш во нашите центри, побарај го теренскиот тим кој има:
утрински смени од 7:30 - 9:30, секој работен ден,
втора смена од 11-14 часот секој ден на различни локации, број 075/769-948.

 Сакаш да се провериш за ХИВ/СИДА? Дали знаеш како се пренесува? Дали знаеш како да се заштитиш? 

Јави се во ХОПС и закажи термин! Тестирањето е анонимно и доверливо, без име и презиме, резултатот ќе го знаете само ти и твојот советувач!

 Услуги за основен медицински третман од долготрајно и неправилно инјектирање 

 Имаш рани од боцкање, си направил аут? Сакаш да знаеш зошто инјектирањето метадон со ампула е зезнато?

Медицинскиот тим ти стои на располагање за совети, информации и основна медицинска помош, без здравствена книшка, секој ден во нашите центри и на терен.

Услуги од психијатар

Сакаш да се ставиш на терапија? Метадон, бупренорфин или на „суво“? Разговарај со психијатар за која терапија да се одлучиш. Закажи советување на 02/3130-058 и 02/3176-428.

Услуги од социјален работник 
 
​Немаш лична карта? Немаш здравствена книшка? Каде треба да ги извадиш?  
 
Разговарај со социјалните работници во нашите центри или на терен, ќе добиеш информации за добивање на лични документи, здравствено осигурување, социјална заштита, поврзување со потребните институции и организации, советувања.

Услуги од правен советник 

Ти ги имаш истите права како сите други. Побарај помош од правен советник во нашите центри или на терен. 

Услуги во дроп ин центри 

 Како да превенираш овер? Како да ги одржуваш вените? Што е тромбоза? Како да се заштитиш од хепатитис Ц? 

Во нашите центри можеш да се информираш и да се едуцираш за безбедно инјектирање и безбеден секс, одржување на здравјето, крвно и сексуално преносливи инфекции, човекови права, едукации за сè во врска со дроги, туберкулоза...

Имаш слободно време и сакаш нешто да правиш? 

Можеш да присуствуваш на креативни работилници секој понеделник и секоја среда во дроп ин во Капиштец, од 10 до 14 часот!

Дневен центар за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дроги и нивните семејства

 Услуги од психолог и психијатар

Апстинираш? На третман си и имаш слободно време? Сакаш да разговараш со некого за твоите дилеми? Се чувствуваш немирно и нервозно? 

Јави се на 5112-684 и закажи си советување со психолог или психијатар.

Услуги од педагог

Имаш дете на кое тешко му оди училиштето или воопшто не оди на училиште поради некои причини? Не знаеш како да постапиш со своето дете? Познаваш некој корисник на дрога кој не знае да чита и да пишува?

Јави се на 5112-684 и закажи советување со педагог.

Креативна работилница

Имаш слободно време и сакаш нешто да правиш? 

Можеш да присуствуваш на креативни работилници секој вторник и четврток од 11 до 14 часот.