Употребата на дрога не треба да се поддржува, ниту треба да се криминализира

„Третирањето на зависниците од дрога како криминалци е предодредено да поттикне пораст на ХИВ и други инфекции, не само помеѓу оние доволно несреќните што имаат сериозна зависност од дрога, но исто така и помеѓу децата родени во семејства каде зависноста е присутна и помеѓу членовите на општата популација ... Интравенската употреба на дроги е здравствен проблем. Тоa е прашање на човековите права. Тоа не може да се поддржува, но ниту треба да се криминализира. "

(Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, Изјава до Комисијата на Обединетите нации за наркотични дроги, 55-та седница)

Едно од решенијата за намалување на бројот на луѓето кои се наоѓаат во системот на кривичната правда поради повреда на постоечките закони за дроги, е да се донесат различни форми на декриминализација на личната употреба на дроги и поседувањето. Под декриминализација, подразбираме отстранување на кривичните казни за прекршоци како што е поседувањето за лична употреба. Околу дваесетина земји и десетици американски градови и држави, преземаа чекори кон декриминализација на личната употреба и поседувањето на дроги за лична употреба.  

Со декриминализација на поседувањето за лична употреба и инвестирање во програми за лекување и намалување на штети од употреба на дроги, ние можеме истовремено да ги намалиме штетите од употребата на дроги и да ја подобриме јавната безбедност и здравјето на луѓето.

Помеѓу организациите што ја поддржуваат декриминализацијата на поседување за лична употреба на дроги се наоѓаат и: Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, Глобалната комисија за ХИВ и закони при Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Организацијата на американските држави, Националниот латино конгрес, Глобалната комисија за политика за дроги, Хјуман рајтс воч, Светската здравствена организација (СЗО) и др.

Преземено од: Алијанса за политика за дроги (Drug Policy Alliance)