Украина ја проширува опиоидната супституциона терапија

Украина обезбеди бесплатна ОСТ (oпиоидна супституциона терапија) за околу 8.000 луѓе од почетокот на 2017 година, а сега властите го направија третманот достапен за уште повеќе луѓе. Од оваа година, Украина целосно ja финансира ОСТ за повеќе од 10.000 пациенти во 178 здравствени установи низ целата земја.  

Oпиоидна супституциона терапија вклучува луѓе кои користат нелегални опиоиди, како хероин, каде им се обезбедуваат пропишани опиоидни лекови, како што се метадон или бупренорфин, кои ги земаат во контролирани клинички услови. OСТ е метод за намалување на штети од дроги. Поради стерилната и клиничката природа на опиоидните одредби, ОСТ го намалува ризикот од предозирање кај луѓето и го намалува преносот на заразни болести, како што се Хепатитис Ц и ХИВ. 

Пилот програмите во Укрина за ОСТ започнале во во 2004. Пред 2017 година, програмите за ОСТ биле финансирани од  Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, но откако земјата добива статус како земја со средни приходи, во 2016 година завршува финансирањето од Глобалниот фонд. По оваа промена, владата ветува дека ќе ги поддржи програмите за намалување на штети и ја превзема финансиската одговорност.

Според Аверт,  меѓународната хуманитарна организација за ХИВ и СИДА, податоците од 2015 година покажуваат дека околу 1% од возрасната популација на Украина или 346.000 луѓе инјектираат дроги. Речиси една четвртина од новите инфекции со ХИВ во Украина се предизвикани од употреба на инјектирање дрога, често преку употреба на нестерилни игли во неклинички услови, ова покажува дека потребата за ОСТ е многу јасна. Здравствените експерти ја поздравуваат неодамнешната одлука на владата за проширување на пристапот до ОСТ, како и борбата за намалување на потенцијалните штети од употребата на дроги и ширење на заразни болести.

Мартин Доноге, виш советник за туберкулоза, ХИВ и вирусен хепатитис во канцеларијата на СЗО во Украина во Киев, го опиша овој развој како "важен пресврт за јавното здравје во Украина“. СЗО и партнерите долго време соработувале со владата за конечно да го видат ОСТ прифатено и финансиски поддржано. Ова покажува дека Украина е целосно посветена да одговори на предизивикот на ХИВ. 

Додека луѓето во поголемиот дел од Украина се во можност да имаат корист од финансиската поддршка на владата за ОСТ, истото не може да се каже за оние кои живеат во Крим. Кримскиот полуостров, признаен од повеќето земји како украинска територија, беше преземен од страна на руската држава во 2014 година. Според рускиот закон, ОСТ е нелегално - што значи дека околу 800 пациенти кои со години посетувале третман одеднаш им е забранет пристап до него. Најверојатно поради ова и последиците се катастрофални.