Учениците од „Втора гимназија“ од Сараево победија со проект за легализација на канабис/коноп за медицински цели

Како дел од "Проектот на граѓаните" на Цивика од општина Центар во Сараево, се одржал натпревар на граѓански инцијативи. На натпреварот победила темата „Легализација на канабисот/конопот за медицински цели“, од страна на учениците од III2 од Втората гимназија од Сараево.

Приказната на Ирфан Рибич, студент на Академијата за сценски уметности во Сараево и луѓето со мултипли склероза се причината за сензивитирање на овој проблем. Студентите чувствувале одговороност и емпатија за нивната ситуација, а тоа било доволна мотивација за да говорат гласно и да се борат за луѓето кои страдаат од различни видови на болести. Една оде целите на младите ученици им е на луѓето кои боледуваат од некаква состојба да им се обезбеди третман со медицински канабис/коноп. Гимназијалците се воделе и по примерот на развиените земји како и на нивните соседи Словенија и Хрватска. Учениците сакале да се подигне свеста на граѓаните, средношколците и постарите лица за позитивните ефекти на канабисот/конопот.


Во моментов, оваа тема е многу актуелна, особено што пациентите од Босна и Херцеговина мораат да одат надвор од границите за да го побараат лекот, со што се изложуваат на големи трошоци. Учениците во текот на овој проект соработувале со г-дин Денис Грац - претставник од парламентот и  иницијатор за декриминализација на ова прашање и со г-ѓа  Захида Бинакај Претседателка на фармацевтска комора на Босна и Херцеговина. Младите кои се залагаат за оваа идеја велат дека се додека практиката покажува дека легализацијата на канабисот/конопот за медицински цели дава позитивни резултати, тие не се откажуваат.
 
Учениците сакаат Законот за борба и спречување на злоупотреба на дроги да се промени со тоа што Cannabis sativa L, од забранети супстанции и растенија да премине во супстанции и растенија под строга контрола. Во втората фаза, по бришење на канабисот/конопот од листата за забранети супстанци и растенија да им овозможи за медицинска употреба со овластувањата на фармацевти, да се увезуваат лекови со канабис/коноп или пак самите да ги произведуваат. 

Извор: http://www.faktor.ba