Учениците од трета година меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ организираа добротворна акција

Учениците од трета година меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“  организираа добротворна акција за собирање облека за деца во своето училиште наречена „Топла зима“ со која собраа голема количина топла облека и прекривки. Собраните алишта сепак ги донираа за целите и потребите на ХОПС, поточно за децата на улица кои ги контактираме преку нашите теренски работници и оние кои доаѓаат во Дневниот центар за рехаблитација и ресоцијализација.