SWAN издаде видео и водич за соработката во процесите на Глобалниот фонд


SWAN, во рамките на Регионалната платформа EECA, има развиено видео и водич за ангажирање на заедницата на сексуални работници во Глобалниот фонд за поддршка на процесите на национално ниво.

"Ангажирање во процесот на Глобалниот фонд. Перспектива на Заедницата " се одразува на искуства на заедниците на сексуалните работници од 6 земји: Киргистан, Украина, Грузија, Русија, Казахстан и Македонија. Водичот истражува и промовира примери на лидерство и смислен ангажман на сексуалните работници во националните одговори кон ХИВ, но исто така, ги покажува предизвиците и пречките за значајно учество. Исто така се поттикнува заедница да не се плаши да се обиде да преземе активна улога во дијалогот за ХИВ во своите земји.

 

Видеото е придружено со водич за заедница - „How to engage in Global Fund, supported processes on national level“, кој обезбедува информации за главните структури и одлуки за  грантови поддржани од Глобалниот фонд на национално ниво. Информации за тоа каде заедница може и треба да се вклучи, на кој начин, зошто тоа е важно, а исто така имаат и совети за тоа што заедницата може да го направи во случаи кога тие би се обиделе да се вклучат, а не успеале.

 

Engaging in Global Fund Processes A Community Perspective