Статистики за војната против дрогите од Алијансата за дроги од Њујорк

Алијансата за политики поврзани со дроги од Њујорк направи статистики за казни, потрошени пари за војната против дрогите, легализација на канабис, селективна правда и слично. Погледнете ги статистиките.
  • Потрошен износ во САД на годишно за војната против дрогата: над 50  милијарди долари.
  • Број на апсења во 2016 година во САД за прекршување на законот за дроги: 1.572.579.
  • Број од овие апсења кои се само за поседување: 1.249.025 (84 проценти).
  • Број на лица уапсени за прекршување на законот за канабис во 2016 година: 653.249.
  • Број на обвинети за прекршување на законот за канабис, кои биле уапсени само за поседување: 574.641. 
  • Број на Американци затворени во 2016 година во федерални, државни и локални затвори: 2.157.000, највисока стапка на затворање во светот.
  • Процентот на луѓе во затвор за кривично дело поврзано со дрога, а се црни или латино, иако овие групи користат и продаваат дрога со слична стапка како белците: 57 проценти.
  • Број на држави кои дозволуваат медицинска употреба на канабис: 29 + Округот Колумбија.
  • Број на држави кои имаат одобрено легално оданочување и регулирање на канабисот: 8 (Алјаска, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Невада, Орегон и Вашингтон).
  • Број на држави кои декриминализирале канабис: 22.
  • Број на загинати во Мексиканската војна против дрогата од 2006 година: nнад 100.000.
  • Број на загинати луѓе на Филипините во нарко-војната од 2016: 10.000
  • Број на студенти кои ја изгубиле федералната финансиска помош заради уверувањето за дрога: над 200.000.
  • Број на луѓе во САД кои починале од предозирање со дрога во 2016 година: 64,070.
  • Даночните приходи за легализација на дрогите би донеле годишно ако нелегалните дроги се оданочуваат според стапки слични на оние за алкохол и тутун: 46,7 милијарди долари.
  • Центрите за контрола и превенција на болести откриле дека програмите за размена на шприцови и игли ја намалуваат инциденцата на ХИВ меѓу луѓето кои инјектираат дрога со: 80 проценти.

Извор: http://www.drugpolicy.org/