Советот за Етика на медиумите во Македонија по жалба на ХОПС, одлучи дека порталот Скопје24 го прекрши кодексот на Новинари


Комисијата за жалби при Советот за етика на медиумите во Македонија на седницата одржана за 16 јануари 2018, на жалбата испратена од ХОПС, за интернет порталот „Скопје24.мк“ и текстот насловен „Разговор со „Ноќните дами“ кај МТВ во Скопје: Проституцијата сѐ уште цвета! - Видео“  заклучи дека порталот „Скопје24.мк“ го прекршил кодексот на Новинари по член 1,7,10 и 13.

Во жалбата од страна на ХОПС, наведуваме дека текстот без потпишан автор, содржи сензационалистички, еднострани и морализирачки изјави, со кои сексуалните работници се стигматизираат и вознемируваат и им се повредува правото на приватност. Текстот ги храни стереотипите и зголемува предрасудите кон луѓето кои доброволно се занимаваат со сексуална работа.

Комисијата утврди дека се наметнува сугестивно мислење кое потикнува дисксриминација и непотпишаниот автор ги стигмаитизира сексуалните работници.Текстот дезинформира и создава неосновани стравови. Според комисијата прекршени се членовите 1 и 10.

Ја  поздравуваме ажурноста и ефикасноста на Советот за етика на медиумите во Македонија и нека оваа одлука биде поука за останатите медиуми во земјата. 


Одлуката можете да ја прочитате ТУКА.