Skopje Street Food Festival

Skopje Street Food Festival е настан кој ќе ви овозможува на едно место да ја пробате најкултната улична храна во Скопје. Овој настан ќе се одржи од 21 до 23 септември во Градски парк поточно позицијата е лостов цвет или по нашки сепарињата на фонтана. На фестивалот ќе земат учество над 20 урбани локали кои ќе имаат можност на лице место да ги приготват своите најдобри улични специјалитети.

Исто така овој настан има хуманитарна цел. Во соработка со организацијата „Ретвитни Оброк“, 10% од приходот од фестивалот се наменети за обезбедување на намирници за подготовка на оброци за социјално загрозени лица. Свои работилници за едукација и анимирање на најмладите посетители, како и продажба на креативни изработки ќе имаме ние  ХОПС и организацијата за самохрани мајки ONE CAN

Целиот настан ќе биде зачинет со многу натпревари на кој учество ќе може да земат сите оние кои ќе бидат храбри да го прифатат предизвикот. Наскоро ќе бидат објавени подетални информации околу натпреварите.

Програма на фестивалот ќе се одвива во следниве термини:

- За петочкото ѕенѕање и шизење ќе биде одговорна групата урбани гурмани бетер ноун ас Funky Fresh DJ’s:
Oky Doky
Strajk
Drazi Drags
Ilich
Goce Saf

Саботната и неделната агенда ќе бидат објавени во следните неколку дена...