Skopje Pride Weekend 2018 - Настрано. Политичко.

Викендот на гордоста Скопје 2018 се одржува по шести пат, во организација на Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центар за поддршка LGBTI Support Center.

Носечката идеја позади Викендот на гордоста 2018 е НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО. Со оваа идеја, од една страна, сакаме да ги истражиме и проблематизираме многустраните начини на кои хегемониските имагинации за родот и сексуалноста се вкоренети во главните политички поими. Од друга страна, НАСТРАНО. ПОЛИТИЧКО стреми да го превредни фигуративниот статус на “настраноста” во рамки на доминантните културно-политички простори - настраноста како радикална разлика, како отфрлените форми на живот, како пркос кон сите идентитетски рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на нормализација, како сопка за “репродуктивниот футуризам” - и во истата да препознае актуелизација на самата невозможност за тоталитарното затворање на живеењето и на културно-политичката заедница.

Програмата можете да ја видите на следниот ЛИНК.


.
.