Сингапур објави истражување за медицински канабис и покрај законот за смртни казни поврзани со канабис

Сингапурското владино тело го објави своето следно истражување за синтетички канабиноиди за медицински цели, необичен чекор во земја која продолжува да ја наметнува смртната казна за одредени канабис прекршоци.

На почетокот на јануари, Националната истражувачка фондација (НРФ) - владино тело - објави дека ќе инвестира 25 милиони американски долари (13,4 милиони фунти) во Програмата за истражување и развој на синтетичка биологија. Еден од четирите проекти на програмата е насловен Synthetic Cannabinoid Biology: Repurposing Nature for Tomorrow’s Therapeutics.

НРФ прифаќа дека канабиноидите, хемиските соединенија кои се наоѓаат во канабисот, може да се користат за лекување на разни заболувања. Меѓутоа, со оглед на тоа што канабисот е нелегален во Сингапур за било каква намена, НРФ го нарача овој проект со намера да го искористи медицинскиот потенцијал што го нудат канабиноидите, без потреба владата да ја менува легислативата. Со проучување на молекуларната структура на канабиноидите, проектот има за цел да "открие канабиноидни гени за одржливо производство на [синтетички] медицински канабиноиди и нивните деривати".

Овој момент е изненадување за некои, бидејќи Сингапур во моментов има еден од најрепресивните закони за дроги во светот. Според Дел 17 од Законот за злоупотреба на дроги (1973), кај секој што ќе се најде во сопственост над 15 грама канабис се смета за трговија, а тоа е задолжителна минимална казна од 5 години затвор и 5 удари со стап. Ако некој поседува повеќе од 500 грама канабис ќе се соочи со задолжителна смртна казна- бесење во озлогласениот затвор Чанги.

Последните егзекуции што се случиле поврзани со канабис, се во ноември 2016 година, кога 31-годишниот дипломиран хемичар и фудбалер Чиџиоке Стивен Обиоха е обесен поради поседување на количина на дрога која го надминала прагот, предизвикувајќи автоматски смртна казна. Во јули 2017 година, Прабагаран Сривијајан бил егзекутиран во затворот Чанги откако биле пронајдени 22 грама хероин во потпирачот за раце на автомобил кој го позајмил. 

Со оглед на тоа што истражувачите на НРФ започнале со студии за производство на синтетички канабиноиди, се чини дека владата на Сингапур се обидува да ги искористи медицинските придобивки од канабисот, додека одржува строги казни против секој кој се обидува да го употреби лекот во својата природна форма. Во бизарно контрадикторни ставови, Сингапур тврди дека канабисот може да "спаси животи", но сепак државата може да одземе нечиј живот за поседување канабис.

Извор: www.talkingdrugs.org