Сексуалната работа наспроти трговија со луѓе - Што е разликата?

Од страна на некои терминот “трговија со луѓе“ се користи за да се опише сексуалната работа. Што е навистина разликата помеѓу трговија со луѓе и сексуалната работа?


• Сексуалната работа е работа. Трговија со луѓе е кривично дело.

• Сексуалната работа е еден вид на работа. Трговија со луѓе, од друга страна,  претставува еден вид на миграција.

• Трговија со луѓе е поврзана со должничко ропство, живеење во услови слични на ропство, принудна работа и ограничување на слободата. Сексуалната работа  е резултат на слободна волја и личен избор.

• Сексуалните работници се решаваат да започнат со сексуална работа заради најразлични причини, но клучната разлика лежи во тоа што тие доброволно ја избрале сексуалната работа помеѓу различните опции кои им биле на располагање . Лицата кои се жртви на трговија тоа го прават како последица на принуда или измама.

• Сексуалните работници се работници. Жртвите на кривично дело се тужители во можна кривична постапка.


• Сексуалната работа е само уште еден конкретен вид на работа. Трговија со луѓе  претставува размена на лица преку примена на измама, сила или принуда со цел да се профитира од нивната принудна работа или експлоатација.

• Лицата кои се жртви на трговија  се користат за секакви видови занимања, на пр. работа во домаќинства, фабрики, бродови, земјоделие, градежништво, воена служба, не исклучиво и во сексуалната индустрија.

• Сексуалното насилство и злоупотребата на жените и децата се случуваат и во домовите, црквите, местата за збава, училиштата, невладините организации, верските храмови, текстилните фабрики, државните институции, на улица, на фармите, во затворите и во градовите. Тоа претставува глобален општествен проблем, а не проблем за чие решавање треба да бидат единствено одговорни сексуалните работници.

• Под изговор да се спречи трговија на луѓе, преку строгата гранична контрола и дискриминаторните имиграциски закони  се врши практично ограничување на безбедното и независно движење на жените мигранти, што особено важи за младите немажени жени од земјите во развој.


Извор: http://www.swannet.org/