Се повеќе студии покажуваат дека психоделиците го подобруваат менталното здравје

Сѐ повеќе студии како на Journal of Psychopharmacology, докажуваат дека земањето психоделични дроги не резултира со оштетување на менталното здравје, и не го зголемува ризикот од депресија. За трите дроги кои биле инволвирани во истражувањето (Lysergic Acid Diethylamide или LSD, Psilocybin и Mescaline), во самата студијата се кажува дека не предизвикуваат зависност.
 
Луѓето што експериментираат со псилоцибин, го пријавуваат тоа како едно од најдлабоките искуства што ги имале во својот живот, дури и споредувајќи ги со раѓањето на нивните деца. [Извор]
 
Неколку години знаеме дека психоделичното соединение псилоцибин кое се наоѓа во одредени видови печурки може да предизвика корисни промени во личноста кај поединецот, што резултира со поотворена личност, која е поврзана со имагинација, уметност, чувства и широк ум.

Оваа студија е спроведена на Медицинскиот универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде се вели дека една печурка може да предизвика позитивни промени на личноста во текот на една година. Вреди да се спомене дека отвореноста е исто така поврзана со поголеми успеси во животот, според психоделичниот истражувач и научник д-р Робин Кархарт Харис.
 
„Психоделиците често извлекуваат длабоко лично и духовно значајно искуство и одржливи корисни ефекти". [Извор]

 Крајот на апстрактот за студијата објавена во Journal of Phychoparmacology заклучува дека "во целина, тешко е да се види како забраната на психоделиците може да се оправда како мерка за јавно здравје", алудирајќи на неуспехот, и во овој случај бесмислентa војна со дроги која започнува за време на мандатот на Ричард Никсон. Оваа студија алудира на фактот дека војната против дрогата го губи своето значење во пресрет на огромните научни докази кои ја побиваат пропагандната линија дека овие супстанции се опасни, како што веќе е со канабисот.
 
Резултатите од оваа студија веројатно не се изненадување за многумина, бидејќи идејата дека земањето психоделични лекови резултира со ментална нестабилност е апсурдна. Истражувањето на психоделиците неодамна започна повторно по повеќедецениска пауза под диктат дека овие истражување не се безбедни да се спроведат. Ова тврдење е во спротивност со се поголемиот број докази дека психоделиците не предизвикуваат сериозни проблеми како што ни било кажано. Сега психоделиците полека стануваат нова мејнстрим област за истражување на менталното здравје.
Извор: http://themindunleashed.com