Самит на заедницата за Хепатит Ц

Од 18 до 19 април во Амстердам се одржа самит во кој учествуваа експерти, истражувачи, претставници за намалување на штети и луѓе од заедницата. Како наш претставник беше Силвана Наумова од ХОПС. На самиотот се разговараше за потребите, недостатоците и можностите да се направи третманот за Хепатитис Ц на располагање за сите луѓе кои имаат потреба од истиот.

СУЗБИВАЊЕ НА ХЕПАТИТ Ц бара вклученост на заедницата

Со новите лекови кои се достапни постои можност за целосно искоренување на хепатитис Ц. Меѓутоа тоа бара вклучување на фармацевтски компании, влади, лекарите и здравствените купувачи. Постои итна потреба за креаторите на политиките, давателите на здравствена заштита, провајдери за здравствено осигурување и фармацевтската индустрија да работат во соработка со засегнатите заедници и нивните организации. Со нивно здружување да се обезбеди пристап до овие лекови и да бидат брзо достапни за сите.


Исто така, клучен фактор за успехот ќе биде вклучување на луѓето кои живеат со хепатитис Ц во формулирањето и спроведувањето на превенцијата од хепатит Ц, тестирање и стратегии за доделување на третман, бидејќи овие чинители имаат уникатни знаења, достапни, прифатливи и ефективни. Без нивната континуирана инволвираност, напорите за елиминирање на хепатит Ц најверојатно ќе пропаднат.

Спроведувањето на програмите за намалување на штети, обезбедување на пристап до тестирање и третман како и ефективни интервенции за превенција ќе биде од клучно значење за да се обезбеди третман на високо ризичните групи како што се лицата кои инјектираат дроги, мажите кои имаат секс со мажи и имигранти. Тоа значи борба против стигма, дискриминација и криминализација.

Презентации и фотографии од самитот имате ла ЛИНК1 и ЛИНК2.