Репресивните политики за дроги се нехумани и не даваат резултати

На 30 април 2014 година во Скопје, во организација на ХОПС, се оддржа првата Национална конференција за политики за дроги. На конференцијата околу 50 експерти од земјата и странство, меѓу кои и Националниот координатор за дроги на Република Чешка, Јиндрих Воборил, дискутираа за тоа дали репресивните политики за дроги даваат резултати, дали декриминализацијата на дрогите е поефикасна политика и какви се искуствата на Македонија, Чешка, Русија и Словенија.

Клучен заклучок на конференцијата беше дека репресивните политики се нехумани, не ја намалуваат употребата на дроги и не даваат резултати.