Реобјава на оглас за ангажирање на консултант/и или агенции за човечки ресурси

Здружение ХОПС- Опции за здрав живот Скопје отвори повик за позиција: Консултант/и за човечки ресурси.  Како здружение имаме потреба од консултантски услуги во областа на менаџирањето со човечките ресурси и анализа и предлог за нова  организациска структура.  Ангажманот на консултантот/тите би бил на определено време од 15 август до 15 октомври 2017 година.
 
Од ангажаираниот консултант/ти се очекувани следните резултати:
1.  Анализа на организациска структура и постоечки човечки ресурси.
2.  Анализа на потреби од човечки ресурси согласно организациската стратегија и приоритетите.
3. Предлог структура на човечките ресурси во ХОПС за периодот 2018-2019 година.
4. Препораки за јакнење на капацитети на човечките ресурси на краток и долг рок.
 
 Потребни квалификации и карактеристики:
- ВСС од област на менаџмент.
- Минимум 5-годишно работно искуство во менаџмент на човечки ресурси.
- Минимум 3-години искуство во работа со здруженија на граѓани.
- Претходно искуство во изработка на анализи за управување со човечки ресурси и за јакнење на човечкиот капитал.
- Работа под притисок и кратки рокови

 

Период на спроведување на ангажманот
15 август – 15 октомври 2017 година
Потребни документи за аплицирање:

  • Биографија на консултантот/тите
  • Мотивациско писмо
Предлог за спроведување на ангажманот со вклучени:
  • Методологија
  • Број на работни денови
  • Финансиска конструкција
Бараната документација испраќајте ја на: hristijanj@hops.org.mk најдоцна до 25 јули 2017 година.