Рејв сцената протестира во Тбилиси, против строгите закони за дрога

Пред неколку дена полицијата на Грузија направи голема рација во два андеграунд клубови во Тбилиси, при што се уапсени сопствениците на клубовите Басани и Кафе Галери, упасени биле и оние кои биле затекнати таа ноќ во клубовите.

Наводни и недоволно објаснети причини, за влезот на полицијата во клубовите, се неодамнешните смртни случаи и обвиненијата за предозирање со дроги на пет млади луѓе. Клуб Басани објави изјава на нивната Фејсбук страница тврдејќи дека овие млади не биле во нивниот клуб и дека клубот нема никаква врска со овие смртни случаи. Според сведоците, специјалните полициски сили упаднале на клубот со палки и митралези.

Civil.de објавиле дека на 11 мај, вооружената полиција извршила рација на локациите околу 1 часот и уапсиле осум лица, додека социјалните мрежи споменуваат многу повеќе апсења, присилни тестови за дрога и посериозни кршења на човековите права.

На 12 мај беа организирани големи демонстрации на главниот булевар во Тбилиси, со илјадници луѓе на улиците. Грузија има исклучително строги политики и нулта толеранција, кога станува збор за употребата и поседувањето на дрога. Ненајавени тестови за дрога од страна на полицијата се вообичаени постапки, мала количина на психоактивни супстанции за лична  употреба може да значи затворска казна. Во знак на протест илјадници луѓе, претежно млади луѓе, започнаа протести пред зградата на грузискиот парламент, а следниот ден продолжија на главниот булевар во Тбилиси, каде се случи масовно играње со звуците на техно, кои протестираа за рејв и слобода.