Регионален конгрес на студенти по социјална работа

Регионалниот конгрес на студенти по социјална работа (#RKSSR) е меѓународен настан на кој земаат учество студенти по социјална работа и социјална политика. Конгресот традиционално се одржува веќе 4 години, а предвидено е оваа година Скопје да биде град - домаќин. Настанот е во траење од 4 дена во период од 11.05-14.05.2017 година.

На конгресот студентите од осум градови од регионот ќе презентираат трудови на три теми „Предизвиците со кои се соочува социјалниот работник во работа со маргинализираните заедници“, „Учество на младите во креирање на социјалните политики“ и „Социјалната работа во контекст на заштита на децата од злоупотреба“.

На отварањето на конгресот ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Горан Ајдински, како и раководителот на Институтот за социјална работа и социјална политика, проф. д-р Јован Пејковски.

Во сабота на 13 мај од 10:00-10:15 има излагање Силвана Наумова, наш претставник од ХОПС. Ќе говори за улогата на социјалните работници во работата со маргинализираните заедници. Место на одржување: Свечена сала на Филозофскиот факултет - Скопје.