Прва вакцина против гонореја откриена од страна на научниците

За прв пат во историјата научниците откриле вакцина која штити од гонореја.  Медицинскиот напредок доаѓа во време на зголемена загриженост за преваленцата на гонореја, која претходно докажа дека е отпорна на лекови. Постои растечки страв од страна на медицински експерти дека антибиотиците на крајот ќе станат излишни во борбата против супер-видовите на гонореја. Инаку 78 милиони луѓе ширум светот се справуваат секоја година со гонореја.

Д-р Теодора Ви, директор на хумана репродукција во Светската здравствена организација рече: „Бактериите кои предизвикуваат гонореја се особено паметни. Секој пат кога користиме нова класа на антибиотици за лекување на инфекцијата, бактериите се развиваат за да им се спротивстават. "

Тим на истражувачи започнува да бара вакцина за итни случаи на менингитис Б во периодот меѓу 2004 и 2006 година, кога околу еден милион луѓе во Нов Зеланд биле вакцинирани за да се сопре епидемијата. Студијата на новозеланѓаните на возраст од 15 до 30 години покажала случаите на гонореја паднала за 31 процент кај оние кои биле вакцинирани со MeNZB. Причината за ова е дека бактеријата која предизвикува менингитис- Neisseria meningitidis, е многу близок роднина на видот кој предизвикува гонореја - Neisseria gonorrhoeae.

Во оваа фаза наодите се само набљудување и треба понатаму да се проучуваат во клиничките испитувања, но истражувачите во Квебек исто така велат дека го виделе истиот феномен по појавата на менингитис таму. И претходно објавените податоци од Куба и Норвешка исто така укажуваат на неочекуваната корист на вакцината.

Д-р Хелен Петууис-Харис, еден од истражувачите, рече: „Ова е прв пат вакцина да покаже каква било заштита од гонореја. Во моментов, механизмот зад овој имунолошки одговор е непознат, но нашите наоди може да го информираат идниот развој на вакцината".

Оваа болест е предизвикана од бактеријата Neisseria gonorrhoeae и се шири со незаштитен секс. Симптомите може да вклучуваат густ зелен или жолт исцедок од сексуалните органи, болка при мокрењето и крварење помеѓу периоди. Сепак, од оние кои се заразени, околу еден од 10 хетеросексуални мажи и повеќе од три четвртини од жените и геј мажите немаат лесно препознатливи симптоми. Нелекуваната инфекција може да доведе до неплодност, карлична инфламаторна болест и да биде пренесена на дете за време на бременоста.