Промоција на графичкиот роман „СИНИ ПИЛУЛИ“ од Фредерик Петерс


Во среда 27.12, на овогодишниот саем на книги во ГЕМ во 19 ч. ќе се одржи промоција на графичкиот роман СИНИ ПИЛУЛИ од Фредерик Петерс во изадние на ТЕМПЛУМ и ХОПС со поддршка на Фондацијата Отворено Општество.

Сини пилули е графички мемоар кој ја раскажува љубовната приказна на Фред и Кади, чија врска се усложнува кога Кади му открива дека таа и нејзиниот тригодишен син се ХИВ-позитивни. Авторот со голема љубов и внимателност го раскажува развојот на нивниот заеднички живот.

Делото на еден од најценетите млади европски уметници на стрипот, е длабоко емотивна приказна наменета за сите нас коишто избравме да сакаме наспроти најтешките предизвици. Како најдобрите графички мемоари, Сини пилули затрашувачката тема ја обработува низ уметнички и хуманистички пристап, на свеж, искрен и суштински разбирлив начин. Оваа храбра љубовна приказна лишена од сентименталност е блиска до секој човек чијашто љубов се сретнала со големи искушенија - и победила. Сините пилули досега се прдадени во над 50.000 примероци и преведени се на петнаесетина јазици. Но, поважно од тоа е што делото на Фредерик Петерс ја освои и онаа публика која не го следи стрипот; затоа Сините пилули петнаесет години по првото појавување се сметаат за незаобиколно уметничко дело.

Промотор на графичкиот мемоар ќе бидат Владо Манчевски и Андреј Сених, активист од заедницата на луѓе што живеат со ХИВ, модератор - Фросина Крушкаровска.

Во продолжение можете да ги прочитате, првите 35 страници од стрипот СИНИ ПИЛУЛИ!