Програмите за намалување на штети во Црна Гора

Во 2017 година екипата на  Drugreporter, ја сними работата на невладината организација Јувентас (Црна Гора). Јувентас како невладина организација ја започнува својата работа во 1996 година и успева да биде во центарот на настаните поврзани со одредени категории на луѓе во Црна Гора и нивните права. Во 2004 година, ја започнуваат својата работа со корисници на дрога и сексуални работници, а за време на "златните години" со добивање на финансиите од Глобалниот фонд и покрај сите пречки прават одлична работа.

Во документарниот филм, зборуваат за нивната секојдневна работа, како ги водат дроп ин центрите и теренски работи, за тоа со какви проблеми се соочувале и соочуваат по заминувањето на Глобалниот Фонд,  кои се добрите страни на обидот да се направи промена со програми за намалување на штети.