Проекција на "Trainspotting" и дебата во рамките на Автономната зона на УКЛО

На 19.02, во организација на Дебатно кино „Контра Кадар“ се одржа проекција на филмот „Trainspotting“ . После филмот следуваше дискусија со Влатко Деков  - член на ХОПС на следниве теми: 

  • Зошто луѓето употребуваат дроги?
  • Легализација и декриминализација на дрогите наспроти војната против дрогите
  • Постои ли лек за зависноста од дроги, разни видови третмани (медицински и останати)
  • Стигматизација на лицата кои употребуваат дроги

На настанот, кој беше во рамките на програмата на автономната зона на УКЛО Битола, присуствуваа околу 50тина студенти и граѓани, кои активно зедоа учество во дискусијата. Еден од главните заклучоци кои произлегоа од истата беше тоа дека има потреба за почеста организација на ваков тип настани, со оглед на тоа што во Македонија просторот за размена на информациии и артикулирана дебата е исклучително мал.