Принудени да бидат здрави

 

Филмот „Принудени да бидат здрави“ кој го постираме, со докази го прикажува нехуманиот третман на пациентите во центри каде биле “лекувани“ корисници на дроги и алкохоличари. Во самите центри најчесто биле изложени на тортура, па дури и смрт.

Психијатарот и нарколог,  Д-р Владимир Менделевич говори за феноменот на "мотивациските" рехабилитациони центри во Русија.

Уште во доцните 60-ти, главни методи на лекување од зависност од дроги во СССР биле третман и работни стационари, познати како "Lechebno-trudovaya profilaktoriya (LTP)," или Профилактички третман-труд. LTPS биле медицински и воспитно-поправни установи наменети за оние кои, според мислењето на државата им е потребен третман за зависности од дрога и алкохолизам. Таму, во услови на ограничена слобода, граѓаните на Советскиот Сојуз се "третираат" со труд. Во LTP можело да завршиш само со одлука на судот и престојувњето не се сметало за казна затвор. Наменета била само привремено да се изолираат алкохоличарите и корисниците на дроги, без да се испратат во казнено - поправните установи.

Современиот пристап во Русија се разликува малку од советскиот. Лекување на зависност од дрога, како и досега и понатаму е проблем за кросиниците на дроги и нивните фамилии. Сепак за разлика од советската ера, во денешна Русија државата едвај учествува во рехабилитација и лекување на зависности од дрога. Постојат многу луѓе кои имаат корист од оваа ситуација: голем број на приватни центри за рехабилитација во која луѓето остануваат на сопствен трошок. Со ова се кршат нивните права, се прават кривични дела кон лицата корисници на дроги притоа се користат нечовечки методи.

(Вклучете преводи на англиски јазик со кликнување на копчето CC .)


Извор: DU News

Forced To Be Healthy