Претседателу Јоко, ние (сакаме) да те сакаме!

8 години откако Индонезија го донесе својот најнов закон за дрога, Законот бр. 35 од 2009 година за наркотици. Овој закон ја криминализира употребата на дроги и малите количини на поседување на дроги, а исто така ја вклучува и смртната казна како крајна казна за производство и продажба.

Криминализацијата на луѓето кои користат дроги резултира со пренатрупаност на населението во затворите во Индонезија. Од донесувањето на законот, затворската популација е зголемена од 140% капацитет во 2012 година на 174% во 2017 година.

Администрацијата на претседателот Јоко Видодо,  егзекутира луѓе обвинети дека се трговци со дрога. Севкупно, оваа администрација извршила егзекуција на 18 лица (6 на 18 јануари 2015, 8 на 29 април 2015 година и 4 на 29 јули 2016 година). Од тие 18, само 3 се индонезијци, а останатите се странски државјани. За време на предизборната кампања, пред да биде избран во 2014 година, Јоко Видодо честопати бил критикуван од неговиот (поранешен воен) политички противник поради тоа што не беил доволно храбар да биде претседател на Индонезија. На партискиот конгрес, Јоко Видодо со гордост тврдел дека овие убиства докажале дека тој е храбар лидер.

Гледајќи ги овие факти, ЛБХ Масарајкат, организација за правна помош со седиште во Џакарта, Индонезија, го направи ова едноставно видео за визуелно да го изрази неуспешниот казнен пристап на администрацијата на Јоко Видодо и чекорите што може да ги преземе за да создаде поуспешна политика за дрога.

Со создавањето на ова видео, ЛБХ Масарајкат се надева дека администрацијата и нејзините поддржувачи би можеле да видат дека затворањето не е решение за луѓето кои користат дроги и егезекуциите треба да бидат запрени и смртната казна треба да се укине.

Натпис на Јохан Давид од ЛБХ Масарајкат