Препораки за корисници на дроги во услови на екстремно ладно време

Доколку сте корисник на дроги треба да преземете дополнителна грижа за вашето здравје и благосостојба во екстремни студени временски услови.

Еден начин да се прилагодите на климатските промени е да знаете како да се грижите за себе и за другите за време на студ и ниски температури.

Вашето здравје е на прво место:

  • Останете во затворени и затоплени простории за време на екстремен студ, особено по земање на дрога.
  • Секогаш контактирајте го вашиот лекар ако физички и психички не се чувствувате добро.
  • Дрогите може да влијаат на вашата телесна температура. Употребата на дрога може да доведе до хипотермија, а тоа  да доведе до појава на нејасен говор, замор, губење на меморијата, тресење, вкочанетост, промени во дишењето, промена на отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
  • Намалувањето на  употребата на дроги во екстремно ладни временски услови  треба да се одвива само под медицински надзор.
  • Ако сте зависни од лекови (особено опијати или бензодиазепини), немојте да престанете со земање на лековите одеднаш без медицинска помош.
  • Метадон: ако сте на терапија со метадон под медицински надзор и екстремното ладно време влијае на вашата способност за пристап до лекови, обратете се кај вашиот матичен лекар.
  • Проверете ги условите каде ги чувате препишаните лекарства. Избегнувајте да ги оставате на многу влажни и студени места.
  • Ако не можете да го избегнете излегувањето надвор, внимавајте на заледени и влажни површини, особено по земање на дроги.

Облечете се топло:

  • Облечете неколку слојна гардероба. Топла и водоотпорна јакна, хулахопки, дебели или два пара чорапи. Носете капа, ракавици, шал и обувки за снег.  Ако сте мокри, што поскоро променете ја гардеробата со сува.

Одржете ја топлината во просториите:

  • По миење наутро, исушете се веднаш и облечето се топло.
  • Користете ќебиња, и со уреди за греење одржете ја топлината во просториите.
  • Блокирајте ги местата на прозорите и вратите каде влегува студ.

Ако сте земале дроги:

  • Внимавајте при користење на греалки.
  • Наполнете шишиња со топла вода и доближете ги до телото.
  • Не се туширајте и бањајте со многу топла вода.

Храна и пијалок:

  • Купете храна со долг рок на траење, храна која е лесна да се направи - сушена / конзервирана храна и замрзнати готови јадења.
  • Пијте топли и безалкохолни течности редовно, како чај и супа.
  • Ако користите дроги неколку пати на ден, венсувајте храна и течности кога ви одговара, но никако да не заборавите да консумирате храна.

Парите се важни:

  • Чувајте итен резервен фонд за непредвидливо студено време.
  • Редуцирајте ги трошоци за дроги во екстремно ладно време за да имате за храна, облека, електрична енергија, греење и телефон.

Задржете контакти и информирајте се:

  • Изолирање во екстремен студ може да  направи да се чувствувате лошо и да ве доведе до почеста конзумација на дроги.

Одржете ги секојдневните контакти со пријателите,семејството и социјалните работниците.

  • Вклучете го телевизорот или радиото за информирање.
  • Помислете на луѓе кои се ранливи. Помислете на некого кој можеби ќе му треба поддршка? Јавете се и пратете му порака.
  • Дознајте за локации каде некој или вие ако се  затекнете каде може да преноќите на топло.

Ако сте без покрив над главата:

  • Не спијте на бетон.
  • Замолете го социјалниот работник за засолниште и храна.
  • Избегнувајте земање дрога на отворено во екстремен студ. Дрогите  оневозможуваат да ја регулираш температурата.

За повеќе информации јавете се во дневните центри на  ХОПС:

  • Дроп ин центар во Кисела Вода (Дуња), од понеделник до петок, 10 - 14 часот, тел. број 02/3130-058
  • Дроп ин центар во Шуто Оризари секој работен ден, 10 - 14 часот, тел. број076/631-635
  • Теренски тим: 075/769-948
 ЛОКАЦИИ каде може да се обратите за преноќување и помош:

​​​​​Скопје:
Црвен крст : 071/733 171, 02/3096-227
ЦСР: 078/230-943, 076/381-762

Струга:
Црвен крст: 070/249- 733
ЦСР: 075/588-980

Битола:
Црвен Крст: 075/907- 060
ЦСР: 071/342-492

Струмица:
Црвен Крст: 070/253-441
ЦСР: 075/377-798