ПРЕДИЗВИЦИ И ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ЗАВИСНОСТ ОД ДРОГИ КАЈ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Видеото "ПРЕДИЗВИЦИ И ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ЗАВИСНОСТ ОД ДРОГИ КАЈ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА" е изготвено за време на студиската посета во Виена која се реализираше во периодот од 12 до 14 мај 2013 година, во рамките на проектот "Воведување на третман за лекување на зависност од дроги наменет за деца/малолетници" (на ХОПС, Опции за здрав живот Скопје), на која земаа учество претставници од релевантни институции во Р.Македонија кои работат на третман, рехабилитација и ресоцијализација на корисници на дрога.

Домаќин на студиската посета беше организацијата Дијалог Гудрунштрасе (Dialog Gudrunstraße) која повеќе години работи на третман, рехабилитација и ресоцијализација на деца/малолетници - зависници на дрога, исто така беа посетени и други институции во Виена специјализирани за зависности од дрога или грижа за млади.

Целта на овој видео материјал е да послужи во пренесување на стекнатите искуства на други претставници од релевантни институции вклучени во социјалниот и здравствениот систем во Р. Македонија и да помогне во решавање на проблемот со децата кои употребуваат дроги.

Следете не и понатаму!