Предавање на тема „Проектен дизајн и менаџмент“

Во вторник,  на 9 октомври 2018 година, се одржа интерно предавање на тема „Проектен дизајн и менаџмент“, наменето за членовите на ХОПС. На предавањето, на кое присуствуваа седумнаесет слушатели, беше направен општ преглед на тоа што значи дизајн и планирање на проектен циклус и беше разговарано за поединостите кои го придружуваат овој процес.

Предавањето го одржа и со дискусијата раководеше Ивица Цековски, член на ХОПС со плодно искуство во планирање и раководење со проектен циклус. Ова беше второ предавање од циклусот од шест предавања за организациско зајакнување на ХОПС кои се спроведуваат во рамките на проектот „Воспоставување на внатрешни политики и процедури за добро владеење“ финансиран од МЦМС.