Правото на лекување на хепатит Ц во Македонија - привилегија или ...

​Обезбедувањето лекување на хепатит Ц е предизвик со кој се соочуваат многу земји и на прашањата поврзани со обезбедување пристап до истото, постојано се дебатира. 
 
Во Македонија во моментов, третманот за ХЦВ чини помеѓу 8.000 и 15.000 евра, цена што повеќето во земјава едноставно не можат да си ја дозволат, а Фондот за здравствено осигурување ги покрива трошоците само за мал број на пациенти.
 
На конференцијата оддржана во март оваа година, невладините организации што работат на подобрување на пристапот до здравствените услуги и правата на пациентите, упатија порака до надлежните институции во земјава, дека сегашните цени на лекови за хепатит Ц се неразумни и дека правото на лекување е основно човеково право.
 
За повеќе информации, погледнете го видеото од третиот ден на конференцијата „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дроги во Република Македонија – добри практики и предизвици“ (Охрид - март, 2014).