Познати панелистите за дискусијата на тема: Ноќен живот, дроги и намалување на штети

Мирко Попов - (ПМГ Рекордингс), Катерина Евго ПР и маркетинг менаџер на Пасворд Продукција, Наташа Бошкова (правник), Михаил Солаков (DJ OAK TALES) и модераторот Давор Смиланов - доктор по општа медицина, долгогодишен член и соработник во ХОПС, едукатор и автор ќе бидат панелистите кои ќе говорат утре 12 декември од 18 часот во Јавна Соба. Темата веќе ја знаете:  Ноќен живот, дроги и намалување на штети.
 

Новите трендови на употреба на легални и илегални дроги, мешањето на различни видови дроги и појавувањето на нови психоактивни супстанции носи ризици. Поради тоа се потребни дополнителни мерки на претпазливост и кај корисниците и кај организаторите на настаните.

Оваа панел дискусија има за цел презентирање на актуелни трендови, искуства како и потребата, бенефитите и предизвиците при спроведување на стратегии за намалување на штети во рамки на ноќен живот и музички настани, улогата на учесниците на настани, организаторите на настани и организации кои спроведуваат практики за намалување на штети, а се со цел подигање на нивото информираност, едуцираност како и на безбедност на настаните во услови кога се користат дроги. Посебен акцент ќе биде ставен на практични примери од регионот и од Европа.

По дискусијата следува дружба во Јавна соба.