Повик до Министерството за здравство за соодветен закон за медицинска употреба на канабис

Денес 24.12.2015, во Холидеј Ин се одржа прес конференција од страна на ХОПС. Како причина е новиот закон во врска со медицинската употреба на канабисот. ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија.  За таа цел ги повикуваме надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање на најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија. Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, спремни сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза.