Поп-ап лабараторија за тестирање на дроги во Бристол

Првиот британски центар за тестирање на безбедноста на дроги, по успешните пилоти на неколку британски музички фестивали, ја отвори правата поп-ап лабораторија, која беше поставена овој викенд во Бристол.

Луѓето ги тестирале дрогите пред да ги кознумираат. Овие поп-ап лабаратории се поддржани од полицијата и Советот, и дрогите можат да бидат тестирани анонимно, без страв од гонење. Заедно со тестирањето,  добротворната организација The Loop, им овозможува на корисниците и 15 минути советување за дроги, каде што им обезбедуваат информации во врска со безбедноста на рекреативните дроги.

На пилот проектите претходно, на фестивалот Boomtown,  20% од оние кои ги тестирале дрогите, одлучиле да не ги земаат воопшто, а 50% изјавиле дека ќе се преиспитаат дали ќе ја земат дрогата.

Boomtown, исто така забележале 25% намалување на медицинските инциденти поврзани со дрогите по воведувањето на услугата за тестирање на безбедноста на дрогите во 2017 година. Во 2015 година, имало 2.299 смртни случаи поврзани со злоупотреба на дрога, а Авон и Сомерсетската полиција велат дека "е време да се обидат нови работи" по неколкугодишна тактика со мало влијание.