Полицијата во Торонто опремена со налоксон

Повеќе од илјада полицајци во Торонто се опремени со налоксон, како причина е предозирањето со опиоиди кое продолжува да расте во Торонто и низ Канада. Според соопштението објавено од страна на полициска служба на Торонто (TPS), 1.034 полицајци се опремени со налоксон на нивниот корисен појас. Бројот на офицери кои ќе се обезбедат со налоксон веројатно ќе се зголеми во иднина, бидејќи полициска служба на Торонто овој чекор го опишува како "прва фаза на распоредување".

Налоксон е лек кој спасува живот, вклучен во листата на есенцијални лекови на Светската здравствена организација. Евтин да се произведе и нема потенцијал за злоупотреба. Здравствените работници веќе носат налоксон во Торонто. Овој развој е поттикнат од пораст на предозирање со опиоиди во Торонто кои од 903 во 2017 година, пораснале на 1.024 оваа година. 

Во Торонто постојат најмалку четири надгледувани места за консумирање дроги (исто така познати како безбедни соби за консумирање дроги - DCRs). Овие капацитети, заедно со зголемената достапност на налоксонот, се дел од пристапот за намалување на штетата во обидот на Канада да се справи со кризата со предозирање. Никој не починал од предозирање во безбедните соби за консумирање дроги, бидејќи луѓето користат дроги во присуство на обучени медицински професионалци.

Безбедните соби за инјектирање во Торонто се намерно лоцирани во соседствата каде "употребата на дроги веќе има влијание врз заедницата“, затоа, со обезбедување налоксон на полицајците кои работат во близина на DCRs, дополнително ги подобруваат потенцијалните здравствени резултати за луѓето кои се изложени на ризик од предозирање со опиоиди. Податоците од здравствениот оддел на провинцијата Онтарио, од кои Торонто е главен град, покажува значително зголемување на смртните случаи поврзани со опиоидите.

Во централното подрачје во Торонто, стапката на смртни случаи поврзани со опиоидите изнесува 76 на милион луѓе во јули 2017 година - зголемување од 90 отсто во споредба со стапката пет години претходно. На национално ниво, имало околу 4.000 смртни случаи поврзани со опиоидите во Канада во 2017 година, што претставува зголемување од околу 3.000 во 2016 година. Се проценува дека 72 отсто од смртните случаи од минатата година, се припишува на фентанил - високо потентен опиоид.