Поддржи. Не казнувај. 

Поддржи. Не казнувај. Македонија по шести пат се вклучува во кампањата Поддржи. Не казнувај. која се одржува по повод Меѓународниот ден за борба против дрогите. Почнувајќи од 2013 година, секоја година на 26 јуни здруженијата и слободоумните поединци од целиот свет со мотото „Поддржи. Не казнувај.“ ги предизвикуваат своите влади и меѓународните организации да се откажат од прогонот на луѓето кои употребуваат дроги и да воведат похумани политики и практики засновани на докази и на потребите на луѓето.

По повод оваа кампања Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ве повикуа на панел дискусија: „Рекреативна употреба на дроги“, која има за цел преку отворена дискусија да ги опфати најбитните моменти од употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети.

Се гледаме денес од 18 часот во Клубот ГЕМ!