Победата во случајот на Кемал Ордек која беше силувана во својот дом

Една од основачките на задружението „Црвениот Чадор“ организација за сексуално здравје и човекови права Кемал Ордек, беше силувана во нејзиниот дом. Нејзиниот случај беше игнориран, меѓутоа благодарение на притисокот кој беше направен од страна на многу организации  од целиот свет за поддршка на сексуалнтите работници случајот на Кемал сепак е процесиран за намерен физички напад, сексуален напад, кражба, закана, спречување нечија слобода. Кемал Ордек, транс сексуален работник и активист беше нападнат во својот дом во јули 2015 година.

Кривичниот суд донесе одлука за казнување на напаѓачите кои ја силувале Кемал Ордек во Анкара, во нејзиниот дом. Првото рочиште во регионалниот суд се одржа на 2 март 2017 година. Виновниците биле осудени за сексуален напад, кражба, закани, навреди и лишување на лице од слобода. Осомничените се осудени на речиси 20 години затвор.

Второто сослушување на случајот ќе се одржи на 26 април 2017 година.